1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ново примирје во Газа, но до кога?

30 јануари 2007

Луѓето во Газа веќе не го разбираат светот. Хамас и Фатах со недели водат меѓусебни крвави борби. Само од минатиот четврток до сега загинаа 30 лица. Двете палестински организации ноќеска потпишаа ново примирје. Но, прашање е до кога ќе издржи? Клеменс Ференкоте има повеќе детали.

https://p.dw.com/p/Abzj
Постигнато ново примирје
Постигнато ново примирјеФотографија: AP

По трет пат за речиси пет недели двете судрени палестински групи се договорија за прекин на огнот. Хамас и Фатах, според зборовите на палестинскиот министер за надворешни работи, Махмуд Ал Захар, се договориле да ги повлечат од улица своите вооружени борци, да ги отстранат самоволно поставените контролни пунктови во Газа, да ги ослободат заложниците и да им се стави крај на сите останти форми на конфронтација.

И покрај тоа што примирјето стапи на сила во три часот наутро по локално време, се случија нови престрелки меѓу припадниците на двете групи.

Доцна синоќа претставник на палестинскиот претседател Махмуд Абас имаше кризна средба со високи претставници на Хамас во појасот Газа, по жестоките борби во изминативе денови во кои загинаа 30 лица, а над 80 беа повредени.

Безбедносната ситуација во Газа повремено се закануваше дека целосно ќе избега од контрола. Одново милитантите, вооружени не само со лесно оружје, туку и со рачни минофрлачи и гранати ги имаа на нишан борците од другата страна. Така висок претставник на Фатах, кој во автомобилот пред џамија во Газа ја чекал својата сопруга, буквално е ликвидиран облиску од вооружен член на Хамас. Порадни најновите борби, многу продавници се затворени, а речиси никој не верува дека договореното примирје ќе се почитува.

“Во секој момент може да дојде до нова престрелка и тогаш морам да ја затворам продавницата. Бидејќи тука имаше многу борби пред два ставив клуч на дуќанот”, објаснува еден трговец во Газа.

Како што јавуваат израелските медиуми, палестинскиот претседател Махмуд Абас, одбил да оди од Западниот брег во Газа на кризната средба. Неговите безбедносни служби откриле повеќе скриени бомби по рутатата по која најверојатно ќе патувал Абас.

Како реакција на самоубиствениот атентат во израелското туристичко градче Елијат, кој го изведе член на Исламски џихад од Газа, а во кој загинаа три лица, израелската армија изведе напад врз наводен таен тунел на граничниот премин Карни меѓу Израел и појасот Газа. Армијата ја оправда акцијата со зборовите: “извршивме напад врз еден тунел, кој во скора иднина ќе се користеше за напади врз израелските граѓани”.

Според израелските безбедносни служби, атентаторот можел да ја напушти Газа преку тунел во насока на Египет и потоа да успеал да се прошверцува во израелскиот град Еилат. Во меѓувреме, кабинетот на премиерот Олмерт соопшти дека тој има намера да го почитува примирјето меѓу Израел и Палестинците во појасот Газа кое стапи на сила кон крајот на ноември. Нема да следат проширени воени операции.