1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов атентат во Москва

1 септември 2004

Во вториот голем терористички напад за само една недела, во главниот град на Русија вчера вечер животот го загубија најмалку 10 лица, а преку 50 се делумно тешко повредени

https://p.dw.com/p/AcLc
Фотографија: AP

Според наводите на истражните органи една жена самоубиец активирала експлозивна направа пред влезот во метрото во центарот на Москва.

Плоштадот пред метро станицата Ришскаја беше полн со луѓе околу 20 часот и 15 минути кога одекна експлозијата:

“Тоа беше атентаторка самоубиец опремена со многу експлозив. Бомбата била наполнета уште со метлани делови за да повреди што е можно повеќе луѓе. Проценуваме дека носела дури цел килограм експлозив, што е невообичаено многу. Овде некој очигледно посакувал да причини што е можно поголема штета“ - изјави градоначалникот на Москва Јури Лушков, кој веднаш се упати на местото на несреќата. Лушков посочи дека уште 16-мина од повредените се наоѓаат во сериозна состојба.

Според изјавата на очевидци, атентаторката сакала да влезе во станицата на подземната железница, но кога видела дека на влезот стојат полицајци и ги контролираат исправите на патниците, таа се свртела на назад и во тој момент одекнала експлозијата. Од силината на експлозијата потполно е уништено и едно возило, така што во почетокот истражните органи не беа сигурни дали не станува можеби збор за автомобил бомба.

Одговорноста и за овој атентат, како и за двата урнати авиона минатата недела, ја презеде исламистичката група “Исламбули бригади“ , која на интернет страницата синоќешниот напад го оцени како “јуначка операција за поддршка на чеченските муслимани“.

Американската влада ги осуди најновите терористички напади во Русија. Портпаролот на Белата куќа Скот Меклилан изјави дека атентатот во Моксва, како и уривањето на двата авиона само ќе го засилат руско-американското партнерство во војната против теророт. За тероризмот нема никакво оправдување.