1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов генерален штрајк во Грција

БГ/миа1 ноември 2012

Грчкиот парламент синоќа со тесно мнозинство го изгласа законот за приватизација на јавните компании. Незадоволните синдикати најавуваат нови протести.

https://p.dw.com/p/16als
Фотографија: picture-alliance/dpa

Двата најголеми грчки синдикати - на јавниот и приватниот сектор за шести и седми ноември закажаа 48-часовен штрајк. Штрајкот се организира во знак на протест против мерките за штедење кои наредната недела ќе бидат поднесени за гласање во Парламентот.

„Ќе штрајкуваме за да спречиме гласање за мерките во Парламентот. Нема да и дозволиме на Владата повеќе да го повредува грчкиот народ“, изјави генералниот секретар на синдикатот на јавниот сектор, Илиас Илиопулос.

Синоќа во парламентот во Атина, со тесно мнозинство, беше изгласан спорниот закон за приватизација на јавните компании, но не помина предлог-законот со кој Владата предвидуваше да спои неколку фондови за здравствено осигурување. 30 пратеници на владејачката коалиција не го поддржаа законот со кој се отвора можност за приватизација на јавни добра како што се на пример водоводите во Солун и Атина.

Вкупно 148 пратеници од 293 кои учествуваа во одлучувањето, гласаа за приватизацијата, додека лидерите на ПАСОК и Демократската левица, Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис воопшто не учествуваа во гласањето. Тоа ги поттикна шпекулациите дали трипартиската коалиција „ќе преживее“. Грчките медиуми јавуваат дека за синоќа биле закажани повеќе состаноци меѓу членовите на грчката Влада.