1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов дијалог на релација Берлин- Вашингтон?

Даниел Шешкевиц8 декември 2006

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер денеска попладне во Вашингтон ќе има средба со американската колешка Кондолиза Рајс. Блискиот Исток и Авганистан се централните теми на разговорите.

https://p.dw.com/p/Ac16
Рајс и Штајнмаер
Рајс и ШтајнмаерФотографија: AP

Министерот Штајнмаер ќе ја информира Кондолиза Рајс за целите на германското претседателство со ЕУ. Покрај ова Германија го презема и претседателство со Г8,групата на осумте најразвиени инудстриски земји. Средбата се случува во момент кога и од другата страна на Атлантикот исто така има политички придвижувања. Џек Џејнс директор на институтот за Современи германски студии во Вашингтон верува дека германско – американските односи стигнаа до важна точка.

“Тие се на точка, кога Германија го презема претседателствувањето со ЕУ и со Г8, и во време кога и ние овде во Вашингтон имаме големи промени. Промена на моќта воКонгресот. Со други зборови: картите во Вашингтон ќе се измешаат одново, а тоа отвора можност за почеток на нов дијалог. Дијалог, кој би водел во изнаоѓање на заеднички решенија.”

Министерот Штајнмаер пред се сака да провери, кои од препораките на Бејкеровата комисија за Ирак, ќе ги примени американската влада. Комисијата меѓу другото препорача и директни преговори со Иран и Сирија за решавање на проблематичната ситуација во Ирак. Штајнмаер се врати од Сирија само пред неколку дена. Може ли германската влада да изгради мост меѓу Дамаск и Вашингтон? Џек Џејнс е скептичен околу ова:

“Едноставно е така: во Вашингтон до сега беа на став дека дијалог со Дамаск или Техеран не се исплати. Ако сега Штајнмаер или некој друг Германец дојде овде и рече, дијалогот се исплати, тогаш мора да донесе уверливи докази дека ние ќе имаме корист од тоа. Помалку несигурниот став на САД произлезе од тоа што овде добивме впечаток, дека Сирија повеќе придонела за влошување на ситуацијата во Ирак. ”

И владата во Берлин и американското министерство за надворешни работи во средбата на Штајнмаер и Рајс пред се гледаат можност за размена на мислења. Тие имаат речиси пет часа за разговор. До сега никој немал волку време за билатерална средба. И ова е новина сама по себе.