1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нов ковид-рекорд: преку 100.000 новоинфицирани во Германија

ЖА / агенции
19 јануари 2022

Бројот на дневни нови инфекции со корона во Германија изнесува 112.323, инциденцата се искачи на 584,4. Министерот за здравство Карл Лаутербах очекува олабавување на ситуацијата дури кон крајот на февруари.

https://p.dw.com/p/45jNr
Deutschland Berlin | Coronateststelle
Фотографија: Abdulhamid Hosbas/AA/picture alliance

Првпат досега во Германија во рок од 24 часа се официјално регистрирани повеќе од 100.000 новозаразени лиѓе со коронавирус. Роберт Кох Институтот соопшти дека бројот на новоинфицирани изнесува 112.323 лица.

Сокузниот министер за здравство Карл Лаутербах смета дека пикот на Омикрон бранот во Германија ќе биде во средината на февруари. Седумдневната инциденца се искачи во меѓувреме на 584,4, пред една недела беше 407,5.

Според министерот Лаутербах, официјалните бројки од Институтот Роберт Кох сѐуште не ги отсликуваат реалните размери на инфекцијата во земјата, фактичката инциденца веројатно е двапати повисока.

Германските болници се полнат - исцрпувачка битка против Ковид-19

Ќе се постигне ли колективен имунитет?

Без оглед на повторените апели за вакцинирање заради избегнување нов корона бран наесен, министерот за здравство го споделува ставот на повеќе експерти, меѓу кои и берлинскиот виролог Кристијан Дростен, дека кога и да е, секој граѓанин ќе се инфицира. Сепак, тоа не значи дека вакцината е непотребна, уште не постои колективен имунитет, посебно кај старите и заболените, предупреди Лаутербах, инсистирајќи на скоро носење одлука во Бундестагот за воведување задолжителна имунизација.

Бундестагот во јануари ќе се зафати со темата обврзувачка имунизација во рамките на т.н. ориентирачка дебата, за конкретни предлози би се дискутирало во февруари или март.

Во Германија во моментов против Ковид-19 целосно се вакцинирани 72,8 проценти од населението, 47,6 проценти имаат примено и трета доза вакцина.

Од почеткот на пандемијата, Институтот Роберт Кох регистрирал преку осум милиони случаи на коронавирус, вкупниот број на починати се зголеми на 116.081, а околу седум милиони луѓе се излекувале од инфекцијата.