1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов напад во Ирак

8 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AcQp
Американците прават смена на своите трупи во Ирак и Авганистан. Во едно од најголемите движења на трупи од времето на втората светска војна, до мај треба да бидат заменети околу 250 илјади војници, или во превод речиси сите 125 илјади војници кои во моментов се во Ирак, ќе бидат заменети со нови. Додека првите седумстотини војници на 101-та десантна дивизија си доаѓаат дома, во Кентаки и треба да бидат заменети од колегите од 82-та дивизија, на нивното работно место - во Ирак, нов напад и голем број повредени колеги. Во гранатен напад врз американска воена база западно од Багдад, што се случи вчеравечер, загина еден , а повредени се 34 американски војници. Портпарол на армијата соопшти дека повредените се сместени во болница. Воената база лежи во т.н. "Сунитски триаголник", дел од Ирак каде живеат особено многу приврзаници на екс диктаторот Садам Хусеин.

Американскиот цивилен управник во Ирак, Пол Бремер, претходно најави ослободување на повеќе стотини ирачки затвореници, како знак на помирување. Првите сто затвореници треба да излезат на слобода веќе денеска.