1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов напад на палестинските екстремисти, Баргути се повлече од претседателската трка

13 декември 2004

Четворица израелски војници загинаа, а осуммина се повредени откако Палестинци во воздух кренаа тунел полн со експлозив во близина на изреалски контролен пункт на границата меѓу Египет и појасот Газа. Нападот, како што сооптија герилците, е одговор за смртта на палестинскиот лидер Јасер Арафат. Изреалската војска веднаш жестоко возврати.

https://p.dw.com/p/AcJ8

Израелски борбени хеликоптери во текот на ноќта ракетираа неколку цели во појасот Газа. Нападнат беше источниот, а потоа и централниот дел од градот. Ракетирањето почна само неколку часа откако палестинските борци кренаа во воздух иѕраелска караула на појасот кон Египет и убија четворица израелски војници, покажувајќи на тој начин дека мирот во тој регион нема толку лесно да завладее.

Во нападот, кој наоружените Палестинци го поддржуваа со отворен оган од страна, загина еден палестински герилец. Одговорноста за инцидентот, најкрвав откако почина Јасер Арафат, ја превзема радикалната палестинска организација Хамас и друга група која се претставува како ,, Јастребите на Фатах”. Според Хамас, нападот е одговор за смртта на палестинскиот лидер Арафат, за кого дел од палестинците веруваат дека е отруен од страна на Израелските власти.

,, Насилството само го потхранува насилството, а единствен начин за тоа да сопре е да се изнајде мировцно решение,, изјави министерот во палестинскиот кабинет Саеб Ерекат.

,, Кај Израел постои војла за мировен договор, но палестинското раководство треба да ги превземе неопходните чекори, одговори портпаролот на израелскиот премиер Ариел Шарон Ранан Гисин. Гинин сепак остана воздржан во врска со барањата на Палестинците, за ослободување на затворениците од изреалските затвори.

О тон:

,, Нема да ги ослободиме затворениците чии раце се извалкани со крв, но ќе размислиме за оние кои се на крајот на издржувањето на затворската казна. Како што мислам, станува збор за бројка од 100 до 200 затвореници и тие ќе бидат ослободени како знак на добра војла на претседателот Мубарак. Се разбира, ние и натаму ќе се обидуваме да изнајдеме политичко решение , а истовремено ги повикуваме Палестинците да го исполнат ветеното. Тогаш, сигурен сим дека ќе има нови ослободувања на затвореници,, изјави портпаролот Гисин.

Во меѓувреме, поранешниот лидер на Фатах, Марван Баргути, кој во Изреал издржува пет доживотви казни затвор поради тероризам, ја повлече својата кандидатура за нов палестински претседател. Повлекувањето на Баргути, кој е многу популарен кај Палестинците, ја прави речиси извесна победата на актуелниот лидер на Фатах, Махмуд Абас на изборите во Палестина кои се планирани за 9 јануари.