1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов пад на рејтингот на Грција

25 јули 2011

Меѓународната рејтинг агенција „Мудис“ денеска ја намали оценката за долгорочниот долг на Грција и сега ја дели само еден степен од прогласување банкрот.

https://p.dw.com/p/122nY
Фотографија: AP

„Мудис“ смета дека земјата нема да може целосно да ги исполни обврските кон приватните кредитори.

„Веста дека еврозоната одобри втор спасувачки пакет за Атина и размената на стари грчки обврзници со нови, која ја спроведува, покажува дека приватните кредитори ќе се соочат со загуби“, објаснува агенцијата во денешното соопштение.

Оценката за долгорочниот долг на Грција е намалена на Са, наспроти претходната Саа1.

Автор: ТТ/БГ/дв

Редактор: Горан Чутаноски