1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов случај на шап и лигавка во Велика Британија

7 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BRf8

На југот на Англија постои сомневање за нов случај на шап и лигавка. Според ветеринарните служби, фармата се наоѓа во близина на поседот каде првпат се појави вирусот. Превентивно се убиени повеќе од 50 животни. Комисијата на Европската унија воведе забрана за извоз на животни, млеко и месни производи од Велика Британија. Во моментов нема знаци заразата да е пренесена во Германија.