1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов текст за Косово

14 јули 2007

Соединетите Американски Дражи , Франција и Велика Британија вчера на членките на Советто за безбедност им го проследија најновиот текст на предлог резолуцијата за Косово за која ќе се разговара в понеделник.

https://p.dw.com/p/BFnt
Во Советот за безбедност се очекува рускиот ставФотографија: AP

Во преработениот текст е повлечен пасусот за автоматска ограничена независност на покраината според планот на Марти Ахтисари. Тој пасус предвидуваше Косово автоматски да добие ограничена независност во случај новите преговори меѓу Белград и Приштина во наредните 120 дена да не донесат резултат. Во дипломатските кругови во Њујорк се вели дека рускиот претставник во светската организација не го одбил директно новиот предлог, туку укажал на потребата од дискусија. Американскиот амбасадор во Обединетите нации Залмај Халилзад изјави дека од Москва не е стигнат последниот збор и оти од Русија ќе зависи дали Советот ќе игра улога во решавањето за следната фаза околу Косово или не. Агенциите пренесуваат дека Халилзад изјавил оти САД и нивните сојузници се решителни да одат напред „во рамките на советот за безбедност или поинаку„. Тој, меѓутоа не рече ништо дали ќе се инсистира на гласање за предлог-резолуцијата врз која Русија би можела да стави вето. Русија стриктно го одбива планот на Ахтисари со став дека до независност на покраината не може да дојде без согласноста на Белград. Агенциите коментираат дека до колку Москва стави вето тоа би го ставило Запад пред дилемата што да прави ако Косово прогласи независност.

Во настојување да се добие руска поддршка во новата резолуција е изоставено автоматското спроведување на планот на Марти Ахтисари што води кон независност на Косово, како што беше предложено во претходните резолуции. Со овој текст се окончува присуството на Обединетите нации во покраината што би било заменето со претставници на Европската унија. Халилзад изјавил дека рускиот амбаасадор Виталиј Чуркин побарал објаснувања за некои одредби во текстот, но сржта нема да биде променета иако би можело да има некои преформулации на маргините, ги циртираат агенциите неговите зборови. Инаку, текстот најнапред циркулираше меѓу земјите со право на вето, а потоа им беше поделен и на сите 15 членки на Советот за безбедност. Кога ќе се гласа за него не е познато. Во преговорите е вклучена и Германија како важна земја членка на Европската унија. Меѓу западните дипломати се вели дека Србите и Албанците сега треба да ги искористат новите преговори со готовност за компромиси.