1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов ултиматум за германските заложници во Ирак

3 април 2007

Грабнувачите на двајцата германски граѓани во Ирак поставија нов ултиматум. Во соопштението на интернет тие бараат германската влада за 10 дена да ги повлече војниците од Авганистан. Во спротивно заложниците ќе бидат егзекутирани.

https://p.dw.com/p/Aby4
Маскирани киднапери го читаат првиот ултиматум на 20. март
Маскирани киднапери го читаат првиот ултиматум на 20. март

“Повлечете ги вашите војници од Авганистан. Доколку тоа не се случи, судбината на оваа злосторничка и на нејзиниот син ќе биде запечатена...“ - се вели во пораката на грабнувачите, кои уште велат: “Оваа жена е претставник на држава што е непријателски настроена кон исламот и мислиманите и која има војници што ги убиваат нашите жени и деца.“

Синоќа на интернет беше објавена и видео снимка од 61-годишната Ханелоре Краузе, која видно исцрпена преколнува да се исполнат барањата на киднаперите. “Сега треба да умрам заради присуството на германски и австриски војници во Авганистан. Ве молам помогнете ми!“

Ханелоре Краузе и нејзниот 20 годишен син од мешаниот брак со еден Ирачанец беа киднапирани на 6. февруари во Багдад. Германската влада уште претходно, при првиот улитматум на киднаперите, порача дека нема да им подлегне на уцените. Од официјален Берлин дури рано утринава стигна потврдата дека постојат таква видео порака и соопштените на грабнувачите. Портпаролка на Министерството за надворешни работи синоќа не сакаше да даде изјава, а утринава само порача дека владиниот Кризен штаб ја разгледува ново настанатата ситуација.