1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов шеф,нови стратегии,стари проблеми

22 октомври 2007

Роберт Целик си стави многу работи за задача како нов шеф на Светската банка.Под негово раководство оваа институција треба повеќе да се концентрира врз борбата против сиромаштијата и заштитата на климата

https://p.dw.com/p/BtXV
Новиот раководител на Светската банкаФотографија: picture-alliance/dpa

Германската министерка за развој Хајдемари Вичорек Цојл има само пофални зборови за новиот претседател на Светската банка.Во својот деветгодишен мандат таа имала контакти со повеќе луѓе во раководството на оваа институција,но Роберт Целик сите ги става во сенка:

"Тој ја знае материјата,суверен е,зане да сослуша,тој е небирократски човек."

Поранешниот американски вицеминистер за надворешни работи е назначен за претседател на Светската банка од 1 јули.Тој е наследник на Пол Волфовиц,кој во мај беше принуден на оставка,зашто на својата блиска пријателка и обезбеди добро платена работа.Волфовиц,поранешен министер за одбрана и наводе архитект на ирачката војна,предизвика големи немири во организацијата за развој.

Враќање во колосек

Сега Роберт Целик треба повторно да ја доведе на курс,а германската министерка Цојл е радосна поради тоа:

"Што е надмината фазата на тешкотии и што водечката банка за развој сега може да се концентрира на своите задачи."

Борбата против промената на климата е дел од новата стратегија на Роберт Целик.Исто така,како може да им се помогне на луѓето во сиромашните земји и да им се обезбеди пристап кон почиста енергија од сонцето и ветрот.Роберт Целик овие задачи ќе ги постави пред Светската банка:

"Сите овие работи ќе ја позиционираат Светската банка како извонреден советник."

План за обезбедување финансиски средства

Пред се заради борбата против сиромаштијата во Африка на Светската банка и требаат пари.До почетокот на идната недела Целик сака да собере 33 милијарди долари од богатите земји,а што е нови,и од големите фирми.Дали тоа ќе успее,прашање е.Новиот шеф на Светската банка не сака само да зборува околу стратегиите,туку сака и конкретни резултати,што покажува на примерот на Либерија.

За оваа држава Целик подготви стратегија на раздолжување,со цел по 15 години војна повторно да застане на нозе:

"За мене тоа е многу важно.Тоа е проблем од вистинскиот живот.Можеме да го решиме со тоа што одредени земји ќе направат уште напори."

Напорно ќе биде исто така и усогласувањето на гласовите на 185-те земји членки на Светската банка.Исто како и кај ММФ,сестринската организација,,каде не постои решение за ова. Но,раководството на ММФ сепак е оптимистичко дека ќе најде решение до следниот април.