1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ноемвриски снег во Токио по 54 години

ЕМФ /агенции
24 ноември 2016

Во Токио по повеќе од половина век падна снег во ноември. Тој предизвика проблеми во сообраќајот.

https://p.dw.com/p/2T9js
Japan Tokyo Schnee
Фотографија: Picture-Alliance/AP Photo/E. Hoshiko

Снегот во главниот град на Јапонија го донесе невообичаениот студен воздушен бран. Во подалечните квартови од градот, кои се во близина на планините, снегот се задржа подолго.

Снегот предизвика проблеми во сообраќајот, како доцнење на возовите и прекин на некои линии. Од тоа беа погодени голем број граѓани кои патуваа до работните места.

Токио, со многуте периферни места, се протега на широка површина, а зимите се прилично благи. Во други места во Јапонија снег назима има редовно.

Снегот донесе проблеми