1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НПД – забрана

25 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BXlT

Европската комисија се изјасни за забрана на неонацистичката партија НПД во Германија. Комесарот за внатрешни работи Франко Фратини изјави дека Германија, заедно со Франција, Белгија, Данска и Италија спаѓа во земјите членки на Унијата кои имаат голем проблем со десниот екстремизам. Канцеларката Ангела Меркел манифестираше воздржаност во врска со предлогот за покренување нова постапка за забрана на НПД поради неуспехот во 2003-та година: “Лично можам да кажам дека во никој случај не сакам правна постапка со таков исход каков што имавме пред неколку години. За сега сум скептична и ако дојде до конкретна иницијатива, тогаш сериозно ќе се позанимавам со тоа прашање. Знам дека многумина се залагаат за такво решение, но при тоа не смееме да изгубиме од вид дека против десниот екстремизам треба да се бориме на многу широк фронт“ - додаде Меркел.