1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама бара од Путин да се премисли

ЕМФ/дпа4 септември 2013

Американскиот претседател Барак Обама побара од рускиот колега Владимир Путин да го промени мислењето за Сирија. Од Москва, пак, повторно се вели - ставот за Сирија не е променет.

https://p.dw.com/p/19c3M
Фотографија: dapd

„Меѓународното дејствување би било многу поефикасно доколгу Русија би и‘ пристапила на темата (Сирија, н.з.) поинаку“, изјави денеска (04.09) американскиот претседател Барак Обама на заедничката прес-конференција во Стокхолм со шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд. Обама нагласи дека се надева оти Путин ќе размисли за своите дејства.

Шефот на Кремљ Владимир Путин, пак, денеска уште еднаш ги нарече „бесмислени“ обвинувањата дека режимот во Сирија употребил отровен гас.

„Хемиското оружје за една армија е секогаш последно средство во нужда, а во Сирија армијата во моментов напредува“, рече Путин во Москва. Тој додаде дека е многу пологично бунтовниците „кои се потиснати“ да употребиле отровен гас. Тој ги предупреди САД од опасноста од преземање воена акција против Сирија.

„Кој напаѓа без мандат на ОН и без да биде нападнат, тој е агресор“, изјави Путин. Според него, како што пренесува агенцијата Интерфакс, американскиот Конгрес не е овластен да донесе одлука за казнена акција против суверена држава.