Обама ги вклучи сијаличките на елката пред Белата куќа
2 декември 2016Реклама
Церемонијата пред Белата куќа, која е стара повеќе од 90 години, беше проследена и со музика. Настапија Кели Кларксон, Марк Ентони, Џејмс Тејлор и други. Низ вечерта водеше актерката Ева Лонгорија.
Обама ритуалот го искористи за да апелира до своите сонародници да се однесуваат кон другите со љубов и почит, независно од верата и потеклото.