1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама е идол на младите Афроамериканци

27 октомври 2009

Дали изборот на Барак Обама ги промени САД? Неговиот избор за црнците е од исто големо значење како слетувањето на Месечината пред 40 години. Обоеното население во Мисисипи е мотивирано како никогаш досега.

https://p.dw.com/p/KGUW
Надеж за милиони луѓе со црна боја на кожата: ОбамаФотографија: AP

Три часот попладне. Во училиштето во Чарлстон, Мисисипи, часовите завршија . Од зградата излегуваат девојчиња и момчиња, од кои голем дел се црнци. Поточно кажано, скоро две третини од вкупно 400 ученици. Повеќето од нив изгледаат како да одат на снимање за хипи-музички спотови: момчињата носат пантолони спуштени од половината и јакни со големи качулки, а девојчињата „кул“ фармерки. 17-годишната Ебони и нејзиниот пријател Даниел се на пат за дома. Кое е нивното мислење за Барак Обама?

Ебони е пресреќна поради изборот на Обама: „Сонот на црните луѓе беше да видат црнец во Белата куќа. Тоа повеќе мотивира.“ Истото го чувствува и нејзиниот пријател Даниел: „Обама им помага на црнците.“. Додека тој зборува, Ебони превртува со очите: „Тој може да им помогне на сите, независно од нивната раса и потекло.“

Kenia feiert Barack Obama Wahlsieg bei US Präsidentschaftwahl
Фотографија: AP

Црнците и белците заедно во Чарлстон

Средното училиште во Чарлстон има специфично минато. За учениците, црнци и белци, за првпат беше организиран заеднички матурски бал дури пред две години. Тоа се полни 45 години откако црнците во САД ги добија истите права како нивните соседи белци. Дотогаш, значи се‘ до 2007 година, црнците и белците во Чарлстон правеа посебни матурски балови, раскажува 17-годишната Равен: „Сега слават сите заедно. Најпосле, затоа што Морган Фримен беше иницијаторот.“

Актерот Морган Фримен потекнува од гратче со 2000 жители кое се наоѓа во делтата на Мисисипи. Долго време тој предлагал да го плаќа матурскиот бал, но само ако е тој заеднички и за учениците црнци и за белците. Сега, конечни, една забава за сите.

Првиот црн тренер во Чарлстон

Тони Венс исто така бил ученик во средното училиште Чарлстон. Но, оттогаш минале 17 години. Во негово време се‘ уште се славеле посебни матурски балови. 34-годишниот Венс денес е тренер за американски фудбал во училиштето. Тој е првиот црн тренер на тоа работно место. За Венс првиот афроамерикански претседател во Белата куќа е од големо значење:

„Горди сме на неговите достигнувања. Но тој не стигна дотука само затоа што е црнец.“

Тони Венс сосема свесно не зборува со триумфален тон. Според тренерот за американски фудбал, Барак Обама првиот претседател кој не е белец, претставува мотивација за сите малцинства во САД. Тоа докажува дека ‘ништо не е невозможно‘: „Се‘ едно е дали имаш индијанско потекло, латиноамериканско, или афроамериканско. Дури и ако припаѓаш кон сиромашните белци во САД. Можеш да постигнеш се‘, ако работиш на тоа.“

Клубот за црни момчиња и девојчиња

На околу три километри од средното училиште Чарлстон се наоѓа Клубот за момчиња и девојчиња. Многумина одат таму по училиштето, пред се‘ помладите. Во малото гратче, инаку, нема многу што да се види. Во центарот се наоѓа убавата зграда на судот, но Чарлстон, инаку, е навистина запуштен. Една третина од населението таму живее на работ на сиромаштија. Таков е случајот со голем дел од околу 30-те деца, кои попладнето го поминуваат во Клубот за момчиња и девојчиња. Момчињата и девојчињата имаат нешто заедничко: сите се црни и се‘ уште точно се сеќаваат како беше кога Барак Обама пред една година победи на претседателските избори. На неговата победа се сеќава и деветгодишниот Антоан: „Се чувствував одлично.“

Obama Amtseinführung Mann mit Obama Mütze und Flagge vor dem Kapitol
Фотографија: AP

И црнците можат да постигнат се‘

Изборот на Обама за црнците е од исто големо значење како слетувањето на Месечината пред 40 години. Секој се‘ уште се сеќава на историскиот избор на претседател во ноември 2008 год. И осумгодишната Кејла раскажува како скокала и врескала кога слуснала за неговата победа. Ким, која исто така е 10-годишна, потврдува дека тоа прекрасно чувство не избледува: „Сега верувам дека можам да постигнам се‘.“ Првиот афроамерикански претседател е од големо значење и за 12-годишниот Крис: „Ние црнците знаеме можеме повеќе отколку да продаваме дрога. Со изборот на Обама се докажа дека можеме да постигнеме повеќе од она што другите луѓе вообичаено го велат за нас. “

Нидра Џексон, за крај, раскажува уште една кратка приказна за 5-годишното дете кое и‘ рекло: „Јас сакам да станам Обама“. 29-годишната Џексон е директорка на Клубот за момчиња и девојчиња: „Пред 50 години тоа ќе беше само апсурдна мисла. Но, денес желбата да стане претседател е фантастична за црното дете од едно мало место во Мисисипи. Овој петгодишник не би го рекол тоа да немаше лик со кого може да се идентификува. Сега го има Обама и вели: тој изгледа како мене и стана претседател - и јас го посакувам истото.“

Автор: Ана Енгелке/ Јасна Мушиќ-Јанчулева

Редактор: Жана Ацеска