Обама и Меркел: љубов на втор поглед

Барак Обама ја опишува Ангела Меркел како свој најблизок сојузник. Но, тоа не беше отсекогаш така.

Кога Барак Обама беше избран за претседател во 2008 година, Германците славеа. Но, Ангела Меркел беше груба со него во текот на кампањата. Таа летото 2008 година не дозволи Обама да одржи говор пред Бранденбуршката порта. Тогашниот претседателски кандидат на американските демократи мораше да се „премести“ пред Столбот на победата, каде околу 200.000 луѓе го славеа како втор Кенеди и спасител од ерата на Буш која беше пред крај. Буш, со војната во Ирак заби клин меѓу САД и дел од Европејците. Германија, во тоа време уште под раководната палка на канцеларот Герхард Шредер, беше категорично против војна. Меркел, меѓутоа, како лидерка на опозицијата, се стави на страната на Буш.

Во 2009 година, првата година од неговиот мандат, Обама и покрај двете посети на Германија, го заобиколи Берлин. Тоа беше оценето како голема навреда. И во времето што следуваше односите на Меркел и Обама беа студени. За тоа имаше политички причини, пред сѐ германската воздржаност во врска со одлуката на ОН за воена мисија во Либија во 2011 година.

„Во мандатот на Обама имавме големи проблеми“

Но, не само затоа. Јозеф Брамл, експерт за САД во Германското друштво за надворешна полтика, предупредува дека трансатлантските односи во мандатот на Обама не смеат ретроактивно да се анализираат погрешно: „Во неговиот мандат имавме големи проблеми, затоа што внатрешните проблеми го принудуваа Обама да преместува дел од товарот на наш грб во делот на безбедносната политика, економската политика, што нам воопшто не ни се допаѓаше.“

Животот на Барак Обама низ фотографии

Сенатор во Вашингтон

Обама во 2004 година освои место во американскиот Сенат како член на Демократската партија и тоа со јасна победа. На 4 јануари 1995 година тој стана петтиот американски сенатор со црна боја на кожата. Фотографијата е направена во Чикаго, пред почетокот на функцијата, на неа Обама е со својата сопруга Мишел и ќерките Малиа и Саша.

Животот на Барак Обама низ фотографии

Во Сенатот во Илиноис

Обама за првпат станал политички активен во Илиноис: организирал кампања за регистрација на афроамериканските граѓани на Чикаго за изборите, како поддршка на изборот на Бил Клинтон за претседател. Мобилизирал повеќе од 150 илјади луѓе. Во 1996 година бил избран од јужниот изборен округ на Чикаго за пратник во Сенатот во Илиноис. На фотографијата е Обама како сенатор. Таа е направена на 23 јули 2004 година во сенатската комора на Капитол во Спрингфилд.

Животот на Барак Обама низ фотографии

Спортски

За својата номинација за претседател на САД од Демократската партија, сенаторот Обама се бореше со многу средства, па и спортски. Ова е фотографија од еден кошаркарски натпревар на 29 април 2008 во Чејпел Хил.

Животот на Барак Обама низ фотографии

Студент на Харвард

По добивањето Бечелор диплома по политички науки во 1983 година, Обама една година работел во консултантска фирма за стопанство во Њујорк, а во 1985 година се преселил во Чикаго. Таму бил ангажиран во организација која им помагала на жителите на сиромашните делови од градот. Потоа уште три години студирал право на Харвард и бил избран за претседател на стручниот часопис Harvard Low Review, првиот Афроамериканец на оваа функција. Во 1991 година Обама докторирал правни науки.

Животот на Барак Обама низ фотографии

Доцент

Со дипломата од Харвард, Обама се врaќа во Чикаго и до 1993 година работи во адвокатската организација Мајнер, Бернхил и Геленд, специјализирана за граѓански права. Освен тоа, до својот избор во американскиот Сенат во 2004 година тој студирал уставно право на Универзитетот во Чикаго.

Животот на Барак Обама низ фотографии

Таткото на Обама

Барак последен пат се сретнал со својот татко на возраст од десет години. Тој го напуштил семејството за да студира на Харвард кога малиот имал две години и само еднаш се вратил повторно. Обама детално се сеќава на оваа посета, раскажува за топката за баскет што му ја подарил татко му, за грамофонските плочи со африканска музика на која танцувале и за концертот на Дејв Брубек на кој биле заедно.

Животот на Барак Обама низ фотографии

Надежен

Фотографијава од шеесеттите години го покажува малиот Барак Обама како игра бејзбол на Хаваи. Барак Обама, чие име има исто значење со латинското Бенедикт (Благословен), е дете на бела Американка од Канзас, Стенли Ен Данхам и студент по потекло од Кенија, Барак Хусеин Обама Сениор. Родителите склопиле брак во 1961 година на Хаваи, додека во другите делови на САД браковите меѓу црните и белите биле се‘ уште забранети. Во 1964 година тие се развеле.

Животот на Барак Обама низ фотографии

Претседателска кандидатура

На 10 февруари 2007 година сенаторот Барак Обама настапи во Капитол во Илиноис за пред 18 илјади присутни да ја објави својата кандидатура за претседател на САД. На истото место, 149 години претходно идниот претседател Абрахам Линколн го прогласи крајот на ропството. Обама се‘ уште беше непознат за мнозинството Американци, млад сенатор кој во Вашингтон беше само две години, премногу кратко за да остави траги.

Животот на Барак Обама низ фотографии

Свадба

Обама е во брак со Мишел Робинсон од 1992 година. Taa исто така студирала на Харвард и работела во јавната управа на Чикаго. Тие се запознале во адвокатската канцеларија во која работела Мишел по дипломирањето во 1988 година.

Сепак, и покрај, или токму поради судирите, Обама на канцеларката во истата 2011 година ѝ додели „Медал за слобода“, највисоко признание што еден странец може да го добие. Дали тоа беше гест на помирување, барање за преземање поголема одгвоорност? Набљудувачите тогаш ги извлекоа и двата заклучоци.

Обама во 2013 година сепак ја доби својата берлинска бина пред Бранденбуршката порта. Тој и Меркел си ги положија рацете на рамена и демонстрираа единство. Но, иритациите повторно се зголемија кога стана познат размерот на прислушување на американската тајна служба НСА. Во октомври истата година беше обелоденето дека бил прислушуван дури и мобилниот телефон на канцеларката. Меркел беше надвор од себе и ја кажа една од своите најпознати реченици: „Прислушување меѓу пријатели, тоа не оди никако.“ Меѓутоа, поголеми политички консеквенции изостанаа.

И Меркел беше жртва на прислушувањето од страна на НСА

Меркел - за некого пример, за некого застрашувачки пример

Се чини дека колку подолго владееја Меркел и Обама, толку повеќе се приближуваа политички и лично. Петер Бејер, експерт за трансатлантски односи во ЦДУ, смета дека Обама кај Меркел ги цени „прагматизмот, доверливоста и професионалноста“. И, „таа му е е потребна“. Со растечката политичка и економска тежина на Германија, тој веќе не можеше да ја заобиколува канцеларката.

Самитот на Г7 летото 2015 година, во дворецот Елмау во Баварија, ја донесе можеби најчудната фотографија на двајцата државници: Обама со раширени раце седи на клупа, а Меркел со Алпите во позадина се обидува нешто да му објасни гестикулирајќи.

Се разбираат ли на персонално ниво? Си одговараат ли? Петер Бејер смета: „Тие се различни карактери.“ Но, тоа воопшто не штети. „Обама е надарен говорник, тој се приближува до луѓето. Меркел со малку зборови го кажува најнеопходното, таа не е голем говорник, не предизвикува бранови на воодушевување кај луѓето.“ Но, двајцата се ценат затоа што се надополнуваат.

Само неколку недели по самитот на Г7, Меркел ја отвори границата за бегалците. Драматичниот чекор кој набргу потоа ја отуѓи од голем број Германци, беше наголемо фален од страна на Обама: Меркел „убедително потсети дека не можеме да вртиме глава кога нашите современици стојат пред нас“.

Бегалската политика на Меркел поларизира

Сепак, улогата на САД по прашањето на бегалците, според Јозеф Брамл, е сомнителна, а пофалбата на Обама за Меркел е лицемерна: „Америка го уништи системот на држави на Блискиот и Средниот Исток: со војната во Ирак е дестабилизиран цел еден регион, што овозможи ширење на ИД и со тоа тргна бегалски бран во наша насока. Обама се извлече. Можеби наредната година ќе примеше 20.000 бегалци. Партнерство изгледа поинаку.“

Доналд Трамп во секој случај во изборната кампања ја нарече Хилари Клинтон „Американска Ангела Меркел“. Клинтон сака исто како Меркел да го спроведе „лудото“ отворање на границата за стотици илјади муслимани, тврдеше Трамп. Бегалската политика на Меркел поларизира и натаму - како од оваа, така и од онаа страна на Атлантикот.

Советник во преодната фаза

Со изборот на Доналд Трамп, САД се чини како да ќе се претворат од сојузник во противник на Германија кога станува збор за одлучувачките прашања: слободна трговија, заштита на климата, ставот кон руската агресија или односот кон сириските бегалци.

Обама сака да го спречи Трамп да тргне кон изолационизам

Но, Јозеф Брамл предупредува дека не треба да се хистеризира и односите меѓу двете држави да се сведуваат на две личности: „Тоа е клише во медиумите: Обама сега е повторно добар, а Трамп е апсолутно лош. Со клишеа и персонализација нема да се оди напред. Сметам дека тоа е дури и опасно.“

Обама наскоро заминува. Зошто тогаш потреба од оваа посета? При заедничката средба со Трамп во Белата куќа, новоизбраниот претседател покажал голем интерес за зачувување и одржување на најважните стратешки односи, па и во рамките на НАТО, рече Обама пред да тргне на турнеја. А тој, Обама, го советувал Трамп да му одолее на „тежнеењето“ кон изолационизам.

ЦДУ-политичарот Петер Бејер смета дека средбата на Обама и Меркел е многу важна, дека е многу повеќе од „турнеја на заминување“. Поради ефектите што изборот на Трамп го има за другите земји, Обама знае дека „сѐ уште има одговорност за својата земја и за партнерите“, вели Бејер. Наместо уште сега намуртено да се повлече, Обама ќе биде „важен советник на Трамп во преодната фаза“.

Ангела Меркел од А до Ш: многуте лица на канцеларката

„Триаголникот на моќта“

Меркел стана препознатлива по користењето на истата гестикулација пред камерите и при нејзините јавни настапи. Начинот на кој канцеларката ги спојува прстите на дланките некои го нарекоа „Меркелин ромб“, а други „триаголник на моќта“. Дали тоа го прави свесно или е само рутинска гестикулација од навика, е прашање што ги збунува современите критичари и новинари. Што таа сака да каже со тоа?

Ангела Меркел од А до Ш: многуте лица на канцеларката

Европска политичарка

Германската канцеларка на европскиот политички паркет е позната по својот суверен, ангажиран и навидум опуштен изглед. Иако понекогаш знае да се насмее во вистинското време, на последниот европски лидерски самит во Братислава, таа беше повеќе воздржана. Од нејзината лева страна е данскиот премиер Ларс Локе, а од десната страна премиерот на Белгија, Шарл Мишел.

Ангела Меркел од А до Ш: многуте лица на канцеларката

Селфи со канцеларката

Меркел се најде во центарот на вниманието со нејзиниот одговор на бегалската криза. На дилемите околу тоа може да се одговори доколку предвид се земат елементи од нејзиниот личен живот, како што тоа го прави Ринке во својата книга. Таа често посетува училишта и прифатни центри за бегалци, а притоа одвојува време и за селфи, како овде, во 2015 година, со сирискиот барател на азил Анас Модамани.

Ангела Меркел од А до Ш: многуте лица на канцеларката

Жонглер во коалицијата

Како канцеларка и претседателка на ЦДУ, Меркел понекогаш се соочува со потешкотии да остане обѕирна кон сите нејзини „деловни“ партнери. Таа не реагира чувствително како што тоа го прави нејзиниот коалиционен партнер Зигмар Габриел од СПД. На нападите од лидерот на баварската ЦСУ, Хорст Зехофер кој е „архетипичен баварец“, таа одговара со студена објективност.

Ангела Меркел од А до Ш: многуте лица на канцеларката

Љубопитност за дигиталната ера

За школуваниот физичар Ангела Меркел се вели дека светот на интернетот и дигиталните медиуми ѝ е релативно непознат, иако нејзиниот тим сега има Инстаграм профил, кој го одржува нејзиниот официјален фотограф. Сепак, тоа не ја сопре да го зграби вниманието на основачот на Фејсбук Марк Закерберг за време на работен ручек во Обединетите нации во 2015 година.

Ангела Меркел од А до Ш: многуте лица на канцеларката

Ќерка на свештеник

Како ќерка на протестантски свештеник, вредностите на Меркел, според Ринке, биле обликувани согласно нејзиното христијанско воспитување. Во 2016 година, таа имаше приватна средба со папата Франциско во Ватикан. За време на средбата тие разговарале за нивните омилени книги.

Ангела Меркел од А до Ш: многуте лица на канцеларката

Здравица за пријателски политички релации

Меркел не е позната по тоа дека често се опушта. Сепак, иако ретко поради нејзините работни обврски, прославите на кои учествува таа се организирани со стил. Во 2013 година, во чест на 50-годишнината од склучувањето на Елисејскиот договор меѓу Германија и Франција, Меркел го покани целиот парламент да наздрават со шампањ за пријателските односи помеѓу двете земји.

Ангела Меркел од А до Ш: многуте лица на канцеларката

Моменти на приватност

Канцеларката добива малку слободни моменти за одмор, а и кога е на одмор, како што е прикажано на сликата (во Полска), таа не може да им избега на љубопитните очи на јавноста. Нејзиниот сопруг Јоахим Зауер (на фотографијата прв од лево) ретко е во центарот на вниманието.

Следете нѐ