1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама најави повлекување од Ирак до 2010 година

Ана Енгелке28 февруари 2009

Американскиот претседател Барак Обама најави конкретен временски план за завршување на американскиот ангажман во Ирак. Истовремено тој најави почеток на нова ера на американско водство и обврски на Средниот Исток.

https://p.dw.com/p/H2yb
Обама: исполнување на предизборното ветувањеФотографија: AP

„Денеска дојдов кај вас за да разговарам како ќе заврши војната во Ирак“, изјави американскиот претседател Барак Обама пред војниците во базата Кемп Лежун во Северна Каролина. Крај на војната во Ирак- беше централна тема со која Обама збираше гласови во изборната кампања. Тој сака да ги повлече американските трупи од Ирак во рок од 16 месеци, гласеше неговото ветување. Сега претседателот и врховен командант најави дека повлекувањето ќе трае нешто подолго, 18 месеци:

„На 31 август 2010 година ќе заврши нашиот воен ангажман во Ирак. Највисок приоритет при повлекувањето е безбедноста на трупите и цивилите во Ирак. Ќе постапуваме внимателно, во тесна соработка со военото раководство и ирачката влада,“ вети Обама.

Sprecherin des Repräsentantenhauses der Vereinigten Staaten Nancy Pelosi nach dem Obama Wahlsieg
Ненси Пелоси со критикиФотографија: AP

Да не се избрзува со повлекувањето

Американскиот министер за одбрана Роберт Гетјс и врвот на војската му советуваа на претседателот да биде одделно повеќе време за повлекувањето. Тие сакаат да бидат сигурни дека во Ирак ќе останат доволно американски војници за обезбедување на претстојните парламентарни избори во декември. Од сегашните 140 илјади американски војници во Ирак треба да останат меѓу 35 и 50 илјади. Тие во секој случај ќе имаат поинаков налог отколку досега, нема да се борат, туку, како што рече Обама:

„Ќе ги опремуваат, обучуваат и поддржуваат ирачките безбедносни сили. Освен тоа ќе вршат антитерористички акции и ќе ги обезбедуваат нашите воени и цивилни проекти во Ирак.“

Тоа што по 31 август во Ирак ќе останат околу 50 илјади американски војници, не им се допаѓа на партиските пријатели на Барак Обама. Претставникот на Демократската партија во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси:

„Не знам кое е оправдувањето за присуството на 50 илјади војници во Ирак. Подобро би било да останат една третина од нив, значи 15 до 20 илјади."

US Truppen in Irak Soldat spricht mit irakischen Schülern
Американските војници во иднина со поинаков ангажманФотографија: AP

Военото раководство му советуваше на претседателот во Ирак да остави трупи во број од околу 50 илјади. Ако ирачките војници и полицајци не се во можност да ја држат под контрола безбедносната состојба во сопствената земја, американските трупи би можеле брзо да реагираат, беше образложението. До крајот на 2011 година и последниот американски војник треба да го напушти Ирак.

Во неговиот говор Барак Обама објави дека крајот на ирачката војна ќе овозможи нова ера во американското водство и обврски на Средниот Исток. Американската војска така сега ќе може да се концентрира на Авганистан и на Пакистан.