1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама на „поправен испит“ во Африка

Лудгер Шадомски/ Абебе Фелеке/ Симе Недевски30 јуни 2013

Втората голема африканска турнеја на Барак Обама поминува со многу помала еуфорија отколку првата. Многумина се разочарани од првиот американски престседател со африкански корени.

https://p.dw.com/p/18yjl
Фотографија: AFP/Getty Images

„Во моите вени тече африканска крв, а историјата на моето семејство содржи како трагедии така и победи на африканската историја“. Со овие зборови американскиот претседател Барак Обама ја поздрави воодушевената толпа во Гана во 2009 година за време на својата прва посета на Африка како новоизбран претседател. Во еуфоријата од воодушевување во втор план падна фактот дека американскиот претседател и тогаш ја критикуваше корупцијата на „црниот континент“ и од неговите жители бараше да преземат поголема иницијатива. Но надежите беа големи. Кој, ако не првиот црномурест претседател на најмоќната земја во светот ќе ги удри темелите на новата политика на Вашингтон кон Африка. Инвестиции и молскавичен развој на туризмот беа некои од надежите на граѓаните од африканските земји.

Поправен испит

Но политиката на Обама тргна во друга насока. Глобалната економска криза, која секако ги заниша и темелите на американското општество, ги промени и надворешнополитичките планови на Вашингтон. Во средиштето на интересите на САД дојде Азија, а Африка истовремено ја снема од фокусот. Во меѓувреме Кина го замени САД како најважен трговски партнер на Африка. Новото кинеско раководство демонстративно најави дека интензивно ќе работи на „длабоко пријателство“ со африканските земји.Дека Африка некако излезе од фокусот на Вашингтон се свесни и дипломатите. „За време на првиот претседателски мандант на Обама Африка навистина падна во втор план. Очекувањата на граѓаните на Африка беа големи. Но внатрешната политика го спречи Обама во остварување на тој план“, вели Дејвид Шин, поранешен американски амбасор во Етиопија и Буркина Фасо, денес професор за меѓународни односи на Универзитетот во Вашингтон. Но овој поранешен дипломат е сигурен оти во вториот мандат Обама ќе ги „измазни односите“ со Африка. Еден од доказите за тоа е и моменталната африканска турнеја на американскиот претседател со посетата на Сенегал, Јужна Африка и Танзанија.

Политика без иницијативи

И фактот дека американскиот претседател на самиот почеток на својот втор мандат се упати во Африка на многумина им дава надеж оти Обама овој пат навистина ќе ги исполни очекувањата на африканското население. Но би било нечесно да се каже оти Обама и неговиот кабинет не се интерсираа за „црниот континент“. Обама во текот на суданската криза во оваа земја испрати специјален комесар кој го следеше одржувањето на референдумот за независнот. Во 2012 година американскиот претседател ги повика лидерите на африканските земји на самитот Г8 во Камп Дејвид. Со неколку земји постигна договор за изградба на бази за беспилотни летала. И всушност многумина имат замерка дека ги потиснал економските односи во втор план и премногу и' се посветил на борбата против тероризмот. Но Обама на тој план, како што вели Шин, само ја продолжил политиката на својот претходник Џорџ Буш кој го интензивираше американскиот антитерористички ангажман во Африка. Обама исто така продолжи и со програмата за помош која ја започнаа неговите претходници. Но администрацијата на Барак Обама не донесе ниту една сопствена иницијатива која би била насочена кон Африка.
 

USA Wahlen Präsident Barack Obama wiedergewählt Reaktionen Kenia Kogelo
Фотографија: dapd