1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Обамизација“ на Македонија?!

Александар Чомовски27 февруари 2009

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ опаѓа, а Имер Селмани ја добива и поддршката од македонските гласачи. Дали е тоа најава за нова распределба на гласовите, кои досега се даваа единствено според политичкото убедување?

https://p.dw.com/p/H2Hq
Иако води, анкетите покажуваат дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ опаѓаФотографија: MIA

Најновата анкета ја потврдува фаворитската позиција на Ѓорѓи Иванов во претстојната претседателска трка. Според „Центарот за креирање политики“, за него би гласале триесет насто од избирачите. Втор е Имер Селмани, со околу деветнаесет насто, а трет е Љубомир Фрчковски, за кого би се изјасниле 15.6 насто од избирачите. И оваа сондажа, како и претходната на ИРИ, ги потврдуваат стабилните рејтинзи на Иванов и Селмани, кои според последното испитување на јавното мислење, би можеле да бидат ривали во вториот круг за избор на шеф на државата. Аналитичари од „Центарот за креирање политики“ велат дека лидерот на Нова демократија, Селмани, покрај доминантине гласови од Албанците, има доверба и меѓу Македонците, што е само благо навестување за т.н. „обамизација“ на македонската политика и разбивање на досегашните етнички, монолитни гласачки тела.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема