1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обвинета соработничка на Дојче Веле во Узбекистан

27 март 2007
https://p.dw.com/p/AgK7

Во Узбекистан е подигнато кривично обвинение против една соработничка на Дојче Веле. Наталија Бушујева е обвинета дека работела без важечка акредитација. На крајот на минатата недела, обвинителството во Ташкент ја поканило соработничката на руската програма на Дојче Веле во обвинителството и ја распрашувало околу нејзината работа. Генералниот директор на Дојче Веле, Ерик Бетерман, протестираше остро поради тоа што државните власти во Узбекистан ја спречуваат работата на новинарите кои се слободни соработници. Тој изјави дека заплашувањето и ставањето под притисок на новинарите е неприфатливо.