1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обвинувањата против Строс-Кан ќе бидат отфрлени

23 август 2011

Судот во Њујорк се очекува да го ослободи Доминик Строс-Кан од сите обвинувања. Јавниот обвинител веќе одлучи да ги отфрли обвинувањата за силување против поранешниот шеф на ММФ.

https://p.dw.com/p/12LeF
Доминик Строс-КанФотографија: AP

Јавниот обвинител на Њујорк одлучи да ги отфрли обвиненијата за силување против поранешниот директор на ММФ, Доминик Строс-Кан. Причина се основаните сомневања околу веродостојноста на изјавите на наводната жртва, 32-годишната собарка Нафисто Дијало од Њујорк.

До објавување на одлуката дојде по состанокот на обвинителот Сајрус Венс со собарката. „Со одлуката да ги отфрли обвиненијата, јавниот обвинител не сврте грб само на жртвата, туку и на форензичките, медицинските и на сите останати докази собрани во овој предмет“, рече адвокатот на собарката, Кенет Томпсон.

Строс-Кан денеска (23.08) ќе се појави во судот на уште едно сослушување, по што се очекува да биде ослбоден од сите обвинувања.

Автор: ТТ/ АТ/ дв

Редактор: Е.М.Фиданоска