1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обиди за надминување на владината криза во Ирак

13 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BU53

Ирачкиот премиер Нури Ал малики ги повика лидерите на различните политички табори на разговори за изнаоѓање излез од владината криза во земјата. Малики за ирачката телевизија изјави дека кризниот состанок би можел да се одржи веќе денеска или утре. На него треба да се разговара за политичката програма и стратешките прашања . Ирачката влада се наоѓа во длабока криза откако најголемата сунитска партија ги повлече своите министри од кабинетот на Малики. Оваа но и други партии во земјата го обвинија премиерот дека не прави доволно за помирувањето меѓу различните етникуми во земјата.