1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обид работите да не излезат од контрола

Барбара Везел10 декември 2007

Извештајот на посредничката Тројка на Контакт групата за Косово од денеска е во Советот за безбедност на ОН. За идниот статус на Косово денес во Брисел ќе разговараат и министрите за надворешни работи на ЕУ

https://p.dw.com/p/CZZ0
Штајнмаер:Европа мора да биде единствена за прашањето за КосовоФотографија: AP

Извештајот на посредничката Тројка за Косово од денеска е во Њујорк,во Советот за безбедност на ОН,а денес истекуваат и 120-те дена од дополнителните преговори меѓу Белград и Приштина.

Тројката,констатирајќи дека двете страни не постигнаа компромис ,се воздржува од конкретни предлози за решение,останува со темата да се зафати Советот за безбедност на седницата на 19 декември.Русија пак уште еднаш предупреди од вештачки рокови и побара продолжување на преговорите.

Претставникот на ЕУ во преговарачката Тројка за Косово ,Волфганг Ишингер денес за последен пат ќе реферира пред шефовите на дипломатиите од земјите од ЕУ,но резултатот е веќе одамна познат.

Цитат-по 120 дена преговори,ниедна страна не е подготвена да попушти во однос на клучноот прашање:суверенитетот,стои во резимето на извештајот,кој на викендот му беше испратен на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.Русија предлага продолжување на преговорите,но спорот ќе се води во ОН.


Косово е европски проблем


Во ЕУ министрите за надворешни работи од Берлин,Лондон,Париз и Рим се единствени:Европејците мора да ја преземат одговорноста во прашањето за Косово.Натамошни разговори би воделе кон зацврстување на позициите на Србија и Косовските Албанци,сега мора да се разјасни статусот на регионот.Тоа стои во заедничкото писмо кое четворицата министри го испратија до своите колеги.Германскиот министер Франк Валтер Штајнмаер:

„Многумина велат дека е потребно менаџирано решение,издејствувано со посрдство на меѓународната заедница,не без неа.Затоа е и обидот за делување врз Косово и населението,да не дојде до избрзани одлуки.“


План за делување чекор по чекор


Со други зборови,едностраната објава за независност од страна на Приштина,која сега важи за неминовна,би требало по можност да не дојде преку ноќ,туку да следи чекор по чекор,по претходен план.Станува збор за термин од почетокот до средината на јануари.

ПОбедникот на изборите во Косово,Хаши Тачи,вети дека ќе се договара со Европејците и нема да избрзува.

Но,кај нив постои мал проблем,како и обично,тие не се единствени.Словачка,Грција и Кипар се против независност на Косово.Грција и Словачка стравуваат од немири кај сопствените малцинства.А целта е Европо во дебатата на 19 декември во Њујорк да настапи единствена.Друга цел е,да поминат што помирни божиќни празници и процесот на одлуката да се одложи за едне месец.Дотогаш првите грпи на ЕУ од полицијата и правниците треба да бидат подготвени да се грижат за стабилноста и изградбата на Косово