1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обнова на дијалогот власт опозиција?

Александар Чомовски6 март 2007

ДУИ донесе одлука да ја прифгати понудата на премиерот Груевски за средба со нејзниот лидер Али Ахмети. Коалицијата е подготвена пез предрасуди да разговара за агендата која ја наметнува ДУИ, но и премиерот ќе понуди одредени обврски

https://p.dw.com/p/AdZ6
Никола Груевски премиер на Македонија
Никола Груевски премиер на МакедонијаФотографија: DW/MIA

Експертите ќе подготват листа на закони што се приоритетни за евро – атланските цели на Македонија, а ќе треба да се донесуваат со мнозинските гласови на пратениците Албанци, спроед така наречениот Бадентеров принцип. Ваквата владина понуда е компромис за одмрзнување на дијалогот и го отвра патотот за средба оваа недела меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозициската ДУИ Али Ахмети.

Лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција синоќа го свикал партискиот врв и добил согласност за преговори во присуство на странските амбасадори во Скопје. И владината колаиција имаше викенд разговори за можното одмрзнување на на политичкиот дијалог власт опозоција„Премиерот и без тоа имаше намера да разговара, но ние само условно речено ја зајакнавме позицијата. Практично го ослободивме од некои предрасуди дека има прашања по кои неможе да се разговара. По сите прашања пријатни – непријантни ќе се разговара. Ние го овластивме по сите прашања за кои ние имаме информации тој има сопствени ставови, во името на коалицијата да разговара со господинот Али Ахмети.“ кажа синоќа во едно телевизиско интервју Тито Петковски, претседател на Новата социјалдемократска партија по неделната лидерска средба на трите владини партнери.

Не е исклучено да се задоволи и вототрото барање на опозициската партија, припадниците на ОНА да добијат пензии или инвалиднини, но само дако се обезбеди поддршка и од опозициските партии во парлемантот„ Ние сме изненадени но сепак го очекуваме тој предлог од ВМРО ДПМНЕ да го даде“, реагираше Јани Макрадули. За потпретседателот на СДСМ и пратеник пензиите на борците на ОНА е изнандување од владиниот пакет, дотолку повеќе ако се знае отрпорот на Никола Груевски кон Рамковниот договор, рече овој Социјалдемократ.

По неколку месечната блокада и бојкото на парламентот, скорешниот дијалог Груевски - Ахмети ќе отвори шанса за владата и парламентот, побрзо да бидат донесувани законите од агендатта на НАТО И ЕУ. Премиерот од опозоциската ДУИ ќе побара и согласнотза борба против криминалот и во случај на учество на екс функциониери од претходната влада. Иако се бара разговорор и за промена на уставот за владата на Груевски не е прифатлив нејзин избор од победничките партии во макеодснкиот и албанскиот електорат, идеја што е иницирана од ДУИ.

Жестоката критика од Брисел за отсуство на политички консензус и дијалог власт опозиција македонскиот премиер конечно ги прими како мотив и за кохабитација со претседателот на државата.

Утре ќе се сретнат Црвенковки и Груевски. Претседателот и премеирот ќе разговараат и за домашните задачи за НАТО челнството, почетокот на новата рунда грчко македонски преговори во Њујорк со посредство на Метју Нимиц што се случи минатат недела. Се очекува и приближување на разликите за амбасадорите на Македонија во десетина земји и пред се’ во Брисел, Лондон и Атина.