1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обновени германските гробишта во Прилеп

29 август 2009

Делегација на Министерството за одбрана на Германија, предводена од државниот секретар Кристијан Шмит и државна делегација од Бугарија во Прилеп присуствуваа на откривањето на возобновените германски воени гробишта.

https://p.dw.com/p/JLC6
Германските гробишта во ПрилепФотографија: DW

Работите за уредувањето на гробиштата се одвиваа во две фази со хортикултурно и комунално уредување на комплексот. Поставени се надгробните плочи, а уредени се и влезот и патеките во комплексот.

Deutsche Krieger Friedhof in Prilep, Mazedonien, 29.08.2009
Фотографија: DW

Проектот е финансиран од германска организација, која го спроведува уредувањето на германските гробишта, а организатори на церемонијата се општина Прилеп и Германската амбасада во Македонија.

Инаку, иницијативата за обновување на германските гробишта потекна од Живко Вренцовски, а ја презедоа германските ветерани и локалната самоуправа.

„Утврдивме дека на германските гробишта нема ништо освен депонија. Направив неколку фотографии и ги испратив во германската мбасада во Скопје, со молба гробиштата да се уредат, во спротивно ние како град ќе ја преземеме иницијативата. Основата за барањето кое го испрати нашето еколошко друштво беше еколошката компонента, а освен тоа и фактот дека тука лежат сепак невини луѓе кои на некој начин биле доведени тука да војуваат и загинале“, вели Живко Вренцоски.

На Германските гробишта во Прилеп на 7.200 метри квадратни се останките на повеќе од 1.600 германски, околу 60 бугарски и помал дел австро-унгарски, српски, руски, албански и турски војници, главно од Првата светска војна..

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски