1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОБСЕ ќе организира српски избори во Косово

БГ/ЖА/бета/миа1 мај 2012

Српските граѓани на Косово ќе имаат можност да гласаат, но само на парламентарните и претседателските, а не и на локалните избори.

https://p.dw.com/p/14nRL
Фотографија: AP

ОБСЕ потврди дека е постигнат договор за улогата на олеснувач, која ќе ја има организацијата во организирањето српски парламентарни и претседателски избори на Косово. Според косовските медиуми, претседавачот на ОБСЕ воедно и потпретседател на владата на Ирска, Имон Гилмор, го поздрави договорот, додавајќи дека бил во контакт со вклучените страни. Генералниот секретар на ОБСЕ, Заниер, изјави дека ОБСЕ ги почна подготовките за организирање гласачки места за да им се овозможи на гласачите на Косово да го исполнат нивното право да гласаат на овие избори.

Косовската влада синоќа ја поздрави одлуката на ОБСЕ. Оттаму велат дека на територијата на Косово ќе бидат отворени мобилни гласачки места на кои ќе бидат истакнати само симболите на ОБСЕ. Од официјална Приштина договорот го оценуваат како „голем чекор за косовската држава, бидејќи Србија за првпат се согласува да не организира избори на Косово“.

Српските парламентарни и претседателски избори ќе се одржат на 6. мај.