1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Објавени се номинираните за наградите „Ехо“

ДПА/T.T.22 јануари 2009

Ејми Вајнхаус, Мадона, Херберт Гренемајер, „Колдплеј“ и Пол Потс се дел од номинираните за престижните германски музички награди „Ехо“, закажани за 21 февруари. На манифестацијата ќе настапат и неколку светски имиња.

https://p.dw.com/p/GdbU
Ејми Вајнхаус - номинирана за најдобра поп-рок пејачкаФотографија: picture-alliance/ dpa

Наградите „Ехо“, кои ги доделува германската Фоно-академија, ги добиваат најуспешните германски и меѓународни изведувачи. Покрај „Греми“ и „Брит авордс“, наградите „Ехо“ се сметаат за едни од најважните во музичката индустрија.

Schiller
Кристофер фон Дејлен, алијас Шилер - номиниран за најдобар германски поп-рок изведувач

Оваа година има 24 категории, од кои една нова - категоријата за најдобра критика. Во категоријата најдобар германски машки поп-рок изведувач номинирани се Херберт Гренемајер, Удо Линденберг, Томас Годој, Петер Мафеј и Шилер. Во женска категорија за наградата се натпреваруваат Сара Конор, Штефани Хајнцман, Лафее, Анет Луизан и Ина Милер.

Во меѓународните категории, за најдобар интернационален машки поп-рок изведувач номинирани се Пол Потс, Дејвид Герет, Џек Џонсон, Лени Кравиц и Кид Рок. За наградата „Ехо“ во категоријата најдобра интернационална пејачка во трка се Мадона, Ејми Вајнхаус, Ејми Мекдоналд, Дафи и Леона Луис.

Rosenstolz
И германското дуо „Розенштолц“ си обезбеди место меѓу номинираните

Меѓу останатите номинирани во другите категории се и бендовите „Их унд Их“, „Розенштолц“, „Колдплеј“, „Марун 5“, „Пусикет Долс“ итн.

Доделувањето на наградите ќе се случи во салата „О2 ворлд“, а во улога на водители ќе се појават Барбара Шенебергер и Оливер Похер. Се очекува вечерта да настапат ѕвезди како Удо Линденберг, Кети Пери и Ејми Мекдоналд, а организаторот најавува уште неколку „големи имиња“.