1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Објавено интервју со убиената девојка на Писториус

Александар Методијев/ап/афп16 февруари 2013

Олимпискиот атлетичар Оскар Писториус е „вкочанет од шок и од тага“, по убивањето на својата девојка во домот во Јужна Африка, изјави денеска чичкото на спортистот. Денеска е објавено и интервју со починатата девојка.

https://p.dw.com/p/17fWy
Фотографија: picture-alliance/AP

Арнолд Писториус, чичко на атлетичарот од Јужноафриканската Република, се сретна денеска со тројца новинари. Тој е прв роднина на Писториус кој излезе пред камера за да даде изјава. Арнолд Писториус зборуваше со новинарите во својот дом во источното предградие на јужно-африканскиот главен град Преторија.

Изјавата дадена денеска е против обвинителите, кои се обидуваат да го прошират обвинението против Писториус. Доколку тој биде осуден дека го планирал убиството, тогаш ќе добие доживотна затворска казна.

„По консултацијата со правните застапници, ние длабоко жалиме за обвинението за убиец со предумисла“, изјави Арнолд Писториус и додаде: „Немаме сомнение дека нема основа за обвинението и дека случајот, во кој се вклучени и форензички докази, остро ја отфрла секоја можност за убиец со предумисла“.

Сепак, Арнолд Писториус не зборуваше за околностите на пукањето и рече дека неговиот внук станал многу близок со девојката Рива Стенкамп, со која започнал врска минатиот ноември.

Oscar Pistorius beim Haftrichter
Писториус се расплака во судницаФотографија: picture alliance/AP Photo

„Тие имаа заеднички планови и Оскар со својот приватен живот беше посреќен отколку што беше долго време“, рече чичкото Арнолд Писториус.

Покрај првото интервју на роднина на Писториус пред камера, денеска беше објавено и последното интервју на убиената 29-годишна блондинка. Во интервјуто таа зборува за значењето на тоа да се остави позитивна трага во животот - зборови кои трогнуваат два дена по нејзиното убиство.

„Начинот како ќе се пробиете и ќе направите свој излез е многу значаен. Или сте направиле влијание на позитивен или, пак, на негативен начин“, вели Рева Стенкамп во снименото интервју во реалити шоу со познати личности. Извадоците од интервјуто беа објавени во текот на денот, а целото интервју ќе биде емитувано подоцна денеска. Во интервјуто таа на публиката и’ се обраќа со зборовите: „Ќе ми недостасувате премногу“.

Манекенката во четвртокот беше пронајдена од страна на полицијата во локви крв, откако била четири пати застрелана со девет-милиметарски пиштол од страна на својот партнер Оскар Писториус. Тој ги отфрла обвиненијата дека со умисла ја убил својата девојка.