1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Објавување на Хитлеровата „Мојата борба“ останува забрането

8 март 2012

Објавувањето на извадоци од книгата од Хитлер „Мојата борба“ во историските публикации „Новински сведоци“ останува забрането. Ваква одлука денеска (08.03) донесе судот во Минхен.

https://p.dw.com/p/14HF6
Фотографија: picture-alliance/dpa

Покраинскиот суд во Минхен со привремена судска одлука спречи објавување на „Мојата борба“ како додаток во серијата публикации „Новински сведоци“. На ваквата привремена одлука на судот жалба поднесе британскиот издавач на Питер МекГи, кој инсистира на тоа дека има право на цитирање. Денеска судот одлучи дека забраната продолжува. Според судот, публикацијата не е покриена со правото на цитати. Во планираните изданија на публикациите издавачот сакал да цитира пред се‘ делови од книгата на Хитлер, а многу мал дел бил планиран за дополнителни коментари. Според правото на цитирање, дозволени се цитати од книгата на Хитлер само ако тие служат за создавање ново дело.

Германската покраина Баварија ги има правата за Хитлеровата книга. Сојузниците по Втората светска војна ги пренесле правата затоа што седиштето на Хитлер до крајот бил Минхен.

Автор: ЕМФ/дпа/афп

Редактор: Б. Георгиевски