1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одбележан 11 Октомври

12 октомври 2009

Со свечена aкадемија и пригодни манифестации во Прилеп и Куманово, Македонија го одбележа Денот на востанието - 11 Октомври.

https://p.dw.com/p/K4H1
СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Секоја генерација има свои битки, предизвици, идеали. Денешната битка не е за слобода, туку за европски стандарди и подобар живот. На 68 годишнината од денот на востанието Македонија е земја пред портите на НАТО, држава која очекува датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Најголема препрека во евроатланските амбиции на земјата и натаму претставува спорот со Грција. „Ние добро знаеме кои сме и што сме. Ние сме Македонци, такви сме биле отсекогаш. Решението треба да биде на линијата на почитувањето на меѓународното право и документите на Обединетите Нации, односно правото на самоопределување содржано во Атлантската повелба. Ние сме подготвени да седнеме на заедничка маса со нашите соседи и да ги отвориме овие прашања, да разговараме и да бараме решение. Како политичари и јас и премиерот на Грција имаме обврска да бараме, да најдеме решение. Подготвени сме за интензивно барање решение и максимално конструктивно влегуваме во овој процес“, рече премиерот Никола Груевски на синоќешната свечена академија по повод 11 Октомври.

На академија присуствуваа државниот врв, дипломатскиот кор, првите луѓе на верските заедници, и владејачките партии, но немаше претставник на опозицијата.

Апел петокраката да остене на грбот

Едно од најгорливите прашања во внатрешната политика пак деновиве е промената на државниот грб. Сојузот на борците го искористи празникот за да побара петокраката да остане на грбот. Претседалот на Сојузот на борци Гавро Пановски порача: „Нашата ѕвезда беше во рамките на антифашистичката коалиција која ја поведе македонскиот народ. Ако тој момент не беше, ние немаше да доживееме самостојност и држава. Под оваа ѕвезда, животот го загубија 24.000 жртви и таа е симбол на антифашистичката војна“.

За македонските граѓани 11 Октомври е голем историски настан, темел на државноста, за младите ден на востанието, датум кога нивните предци ја почнале битката за слобода и сопствена држава. За малкумина е обичен празник, ден што треба да се искористи за одмор.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска