1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одбиен предлогот за реформа на полицијата во БиХ

2 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Babo

Високиот претставник за БиХ, Мирослав Лајчак не отстапува од својот предлог за реформа на полицијата иако не доби поддршка од бошњачките лидери и парламентрните политички партии во Република Српска. Европската унија и САД ги осудија постапките според кои, како што велат локалните лидери ја доведуваат БиХ во реална опасност и оваа година да не ја потпише спогодбата за стабилизација и асоцијација. Отфрлањето на спогодбата нема да помине без последици, оцени Лајчак, додавајќи дека тоа само ќе го спречи патот на БиХ до ЕУ. Лајчак најави и дека ќе се продолжи со активностите околу реформа на полицијата во БиХ и дека до понеделник се очекува формална реакција, а до крајот на месецот и резултат.