1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одбраната бара ослободување на Брејвик

ЕМФ/афп/дпа22 јуни 2012

Одбраната на норвешкиот атентатор Андерс Брејвик побара ослободување на обвинетиот. Денеска во Осло завршува судскиот процес против Брејвик.

https://p.dw.com/p/15Jbv
Фотографија: Reuters

Одбраната на 33-годишниот Андерс Брејвик бара тој да биде ослободен, а доколку биде осуден, тогаш да добие „најблага казна што е можно“. Одбраната е против тоа Брејвик да биде префрлен во психијатриска болница. Адвокатот Геир Липестад мораше да бара ослободителна пресуда, поради тоа што неговиот клиент се изјасни за невин.

На Брејвик му се заканува казна затвор во траење од 21 година. Решавачко е сепак прашањето дали тој ќе биде прогласен за пресметлив во моментот на извршување на злосторството. Само во случај да биде прогласен за пресметлив тој може да добие затворска казна. Во спротивно мора да биде префрлен на психијатрија.

Пресудата се очекува на крајот на јули или во август. Андерс Брејвик во два напади во Осло и на островот Утоја уби 77 луѓе.