1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одлуката е донесена-„Македонско претседателство 2010“

6 мај 2010

„Македонско претседателство 2010“ е официјалното лого под кое Република Македонија ќе претседава со Комитетот на министрите на Советот на Европа. Oдлуката e донесена синоќа (05.05.2010).

https://p.dw.com/p/NFPc
Фотографија: Toni Glamcevski

Стилизираното македонско знаме со логото на Советот на Европа, проследено со текстот на англиски јазик „Македонско претседателство 2010“, е официјалното лого на македонското претседателство со Комитетот на министрите на Советот на Европа. Тоа е придружено од својата десна страна со официјалното лого на Комитетот на Министрите на Советот на Европа. Дополнително документот носи и соодветна ознака, својствена на сите службени документи на Комитетот на министрите - CM/Inf (2010) 19. Логото беше официјално промовирано вчера на состанокот на Комитетот на министрите на Советот на Европа, кој заседаваше на амбасадорско ниво во Стразбур.

Ова лого се наоѓа на документот доставен од Министерството за надворешни работи на Република Македонија за приоритетите на македонското претседавање со Комитетот на министрите.

Секретаријатот на комитетот истиот документ им го дистрибуира на останатите 46 земји членки, во согласност со востановенатa практика во меѓународните организации од членството на Република Македонија во ООН до денес, со покривна страница на која се наоѓа референцата која се користи за привремено ословување на државата во согласност со Резолуцијата на Советот за Безбедност 817 од 1993, без никакви промени во содржината на документот, кој го содржи официјалното лого и именувањето на оваа функција во Советот на Европа како: „Македонско претседавање 2010“.

Europarat in Strasburg - Council of Europe
Советот на Европа во Стразбур

Состанок зад затворени врати

На состанокот кој по вообичаеното правило се одржува зад затворени врати, не се дискутирало и не е донесена одлука за тоа под кое име Република Македонија ќе претседава, бидејќи Советот на Европа не може да спречи земја-членка да ја користи придавката што ја сака. Со други зборови Комитетот на Министрите го прифати логото „Македонско претседателство 2010“.

Приоритетите на македонското претседавање со Комитетот на министрите, официјално ќе бидат претставени од страна на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на 120-та министерска сесија закажана на 11 мај во Стразбур.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска