1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одлучувачка битка за Алепо

ЖА/дв/афп/апд/дпа29 јули 2012

Во екот на жестоките борби во сириската метропола Алепо, меѓународната политика упатува повици до сирискиот режим и до бунтовниците да прекинат со насилството. Русија меѓутоа притоа повторно е потивка.

https://p.dw.com/p/15g6c
Фотографија: dapd

Арапската Лига во соопштение го изрази своето „длабоко незадоволство поради делата на угнетување од страна на сирискиот режим, особено употребата на тешко оружје против сопствениот народ“: Лигата апелираше дп владата во Дамаск „да ја запре спиралата на ибивање и насилство и да ја прекине опсадата на сириските градови“.

Оланд: „Асад до крајот ќе употребува сила“

Специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија Кофи Анан ги повиска режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и бунтовниците да се придржуваат кон обврските за заштита на човековите права кои произлегуваат од меѓународните одредби: „Воздржаност и избегнување крвопролевање“.

Krieg in Syrien Kämpfe in Aleppo
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле го обвини режимот на Асад за „злосторнички дела“ и побара од сирискиот властодржец „да ја напушти функцијата и земјата“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд ги повика вето-силите Кина и Русија да го променат ставот во сирискиот конфликт. Асад ќе „употребува сила до крајот“ и затоа мора да биде запрен, изјави Оланд за француска телевизија. Тој се залага ОН да преземат нешто што поитно. Русија и Кина веќе повеќепати со вето  го блокираа донесувањето резолуции во врска со Сирија во Советот за безбедност на ОН.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров навистина исто така предупреди од можна трагедија во Алепо, но додаде-нереално е да се очекува од сириските безбедносни сили со скрстени раце да гледаат како бунтовниците заземаат важни градови. Лавров индиректно ги обвини Западот и некои соседи на Сирија за потпалување на конфликтот преку помош на вооружените бунтовници.

Портпарол на рускиот министер подоцна потврди дека Русија нема да учествува во најновите санкции на ЕУ против Дамаск. Москва во никој случај неа да дозволи контрола на бродовите под руско знаме. Министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделникот дополнително ги заострија санкциите против сирискиот режим. Покрај забраната за влез и замрзнувањето на имотот на припадници на сириската власт, мерките предвидуваат и построга контрола на авионите и бродовите.

Krieg in Syrien Kämpfe in Aleppo
Фотографија: picture-alliance/dpa

Бунтовниците досега ги издржуваат нападите на трупите на Асад

Бунтовниците во сириската стопанска метропола Алепо, според активисти, успешно го издржале првиот ден на офанзивата на владините трупи. Војниците на Асад до ноќеска и покрај употребата на тешко оружје не успеале да заземат ниеден кварт контролира од бунтовниците, јавува и Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Војската на Асад вчера ја започна со денови очекувана офанзива во Алепо. Со поддршка од борбени авиони, хеликоптери и тешка артилерија, тенковите и војниците започнаа акција против бунтовниците од Слободната сириска армија во повеќе квартови на Алепо. Тешки борби се водат особено во Салахедин, упориште на бунтовниците. Во текот на вчерашниот ден загинале најмалку 33 лица, а низ целата земја се убиени околу 160 луѓе. меѓу кои и над 20 деца. Судири има и во главниот град Дамаск, како и во провинциите Хомс, Хама, Дараа и Латакиа.