1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Расте бројот на новозаразени, нови ризици од Занзибар

ДТЗ
3 март 2021

Расте бројот на заразени, се најавува карантин за патниците од африканските земји. Проблемот е во „состојбата на умот“ на некои луѓе, критикуваат лекари на социјалните мрежи. 

https://p.dw.com/p/3qApO
tropischer Strand mit Palmen, Liegestühlen und Hängematte, tropical beach with palm trees, hammock and canvas chairs
Фотографија: picture alliance / blickwinkel/M

Расте бројот на новозаразени во С.Македонија, каде во последното деноноќие се забележани 807 случаи на Ковид-19, а пет лица починаа од опасниот вирус. Најголем број на новозаразени лица има во Скопје – 359 и Куманово и Охрид со по 38 случаи. Со вирусот успеале да се изборат 314 пациенти. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156. Активни се 9.203 случаи. Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19. 

До овој момент во земјата се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот, тврдат надлежните, откако во јавноста беше обелоденето дека се хоспитализирани маж и жена од Битола, коишто се вратиле од одмор во Занзибар. Од Министерството за здравство информираа дека според анализите што се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар детектирано е присуство на британскиот вид на коронавирусот, а не на јужноафриканскиот. Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа и на вториот пациент од Занзибар.
По веста дека се поголем број граѓани ја користат шансата да заминат на двонеделен одмор во Занзибар, надлежните најавуваат дека Комисијата за заразни билести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. 

-повеќе на темата: Уникатен Ковид-експеримент: Серана - вакцинираниот град во Бразил

„Секој кој патувал во Африка и Јужна Америка треба да биде под задолжителна изолација од 14 дена. Ако го донесат сојот од Африка или Бразил, ќе има катастрофа од епски размери. Ако не е веќе доцна...“, предупреди на Фејсбук лекарот Ненад Лазаров. 
Но, и покрај предупредувањата на надлежните, интересот за патувања на езготични дестинации и за време на пандемијата не спласнал. За влез во Занзибар не е потребен негативен тест на коронавирус. Агенциите нудат аранжман за 11 дена по цена од  околу 1.000 евра по лице, што е атрактивна понуда за многумина кои ја искористија шансата да заминат на одмор, и покрај опасноста од Ковид-19.
Според Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје, не е проблемот во тоа дали некој заминал во Занзибар или друго место. „И не е проблемот тоа што не бараат ПЦР тест за влез на островот. И не е главниот проблем што на враќање државава не бара тест за влез во земјава. Проблемот е до состојбата на умот...Зошто не можете да се стрпите и да помогнете во што поскоро сузбивање на пандемијава, затоа што факт е дека на сите ни е мачно?“, прашува Јанкулоски во својата објава на Фејсбук. 

-повеќе на темата: Коронавирусот можеби никогаш нема да замине, но ќе стане безопасен

Од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на Ковид-19. „Апелираме до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца“, велат од Министерството за здравство.

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“