1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Однесувањето на Гераманија и Франција кон својата историја - поука за Балканот

Горан Петрески23 јануари 2007

Во Универзитетската бибилиотека во Скопје, промовиран гераманско - францускиот учебник по историја. Пример и за Балканските народи.

https://p.dw.com/p/AdZp
Заеднички пристап кон историјата
Заеднички пристап кон историјатаФотографија: picture-alliance/ dpa

Заедничкиот германско - француски учебник по историја треба да биде пример за Балканските народи, како да ги надминат несогласувањата и заеднички, пишувајќи ја историјата да ја изградат иднината.

Синоќа во Универзитетската библиотека во Скопје, беше промовиран, германско – францускиот учебник по историја, кој од годинава е во употреба во средните училишта во Германија и Франција. Германскиот амбасадор во Македонија Ралф Андреас Брет за Дојче Веле изјави „Во учебницити по историја по војната нема реваншизам и шовинизам. Заедничкиот учебник по историја претсавуваше предизвик за двете земји. Токму денеска е 44 годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор. Затоа го одбравме денешниот ден за промоција на учебникот. А зошто тука. Мислам дека вреди да се размисли за еден ваков заеднички проект и во оваа средина.“ рече германскиот дипломат Брет.

Неговиот фрнацуски колега, амбасадорот Бернер Валеро вели:

„Значењето е двојно, зашто постигнавме изготвување на еден заеднички учебник по историја. Заеднички ја учиме историјата, меѓутоа и заеднички ја подготвуваме иднината. Знаете дека многу војни се случиле меѓу Франција и Германија и за двете страни да имаат ист пристап да создадат иста историја е многу значајно. Пред се’ тоа е грант за мирот и за поубава иднина. Изјави за Дојче Веле амбадсадорот Валеро.

Во публиката, на промоцијата на учебнииот по историја на најсилните земји во Европа синоќа во Скопје присуствуваа голем број историчари и дел од македонскиот државен врв. Како политичарите ја разбраа пораката од некогашните најголеми соперници. Ненад Чебек од Центарот за демократија и помирување на земјите од Југоисточна Европа вели: „Тоа е дека вчерашните непријатели можат да бидат денешни многу добри пријатели. Германија и Франција имаат многу векови заеднички колежи и убивања, многу повеќе од нас на Балканот. “

И македонските историчари и интелектуалци сметаат дека германско – француската историја е позитивен чекор во демократизацијата на македонското општоество. Историчарот Тодор Чепреганов за Дојче Веле изјави „ Мислам дека оваа промоција и овој учебник се добра поука не само за Македонија туку и за целиот Балкан, дека историјата треба да им се остави на историчарите.“

Германско – францускиот учебник по историја во употреба е од јануари оваа година во средините училишта ширум Германија и Франција. Ако можат двете најмоќни земји во Европа треба да можеме и ние, балканските соседи рече за Дојче Веле режисеррот Владимир Милчин и дополни „Историјата не смее да биде извор на фрустрации и чувство на инфериорнсот. Ние некогаш му плаќаме цех на тоа. Ако Германците кои изгубија две војни наспрема Французите можеле да соберат сили, да седнат заедно и да сметаат дека таа заедничка работа не ги демантира и не ги навредува, тогаш мислам дека и ние можеме, без оглед на тоа што во основа и не сме изгбиле многу војни.“

Македонија еднакво посветено се ангажира околу проектите што ги промовираат овие две амбасади во Македонија.