1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од денеска стапува на сила забрана за пушење во Германија

1 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BaQj

Од денеска во Греманија е забрането пушењето во јавниот сообраќај и во просториите на јавните служби. Со стапувањето во сила на законот за заштита на пасивните пушачи на младите под 18 години им е забрането купување цигари и пушење на јавни места. Забраната за пушење важи за сите возови, железнички станици, автобуси и такси возила. За забраната за пушење во кафулињата и рестораните се надлежни сојузните покраини.