1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од „жолта опасност“ до посакуван пазар

1 октомври 2009

Пред 60 години, по крајот на повеќегодишната граѓанска војна, беше основана Народна Република Кина, која полека почна да се враќа на светската сцена. Оттогаш, Запад и Германија се во потрага по адекватен однос кон Кина.

https://p.dw.com/p/JuuR
Фотографија: AP

Прогласувањето на Народна Република Кина, кое го изврши Мао Це Тунг на Плоштадот на небесниот мир, беше шок за Западот. Со тоа 600 милиони луѓе станаа дел од противничкиот табор во Студената војна, од комунистичкиот. Зборот „жолта опасност“, кој стави печат на почетокот на 20-от век, повторно оживеа, но таа стана истовремено и „црвена опасност“. На почетокот на 60-те години, Советскиот сојуз и Кина се разијдоа.

Таа ненадејно стана дел од стратешките плански игри, од што не беше одминат ни тогашниот германски канцелар Конрад Аденауер: „Може да се случи, во догледно време Русија да мора да донесе одлука- дали треба да се спогоди со црвената Кина, со Западна Европа или со САД?“

Фасцинацијата Кина

Кина по разијдувањето со Советскиот сојуз стана интересна не само за официјалната политика, туку и за многумина левооринтирани луѓе а особено голема фасцинација од оваа земја владееше за време на студентското движење во 1968 година.

Во самата Кина пак во ова време се одвиваше Културната револуција. Младите, организирани во „Црвени гарди“, ја тероризираа земјата. Кога во Европа дојде до револти на студентите, многумина во Кина гледаа свој идол. Социологот Херберт Маркус беше еден од идеолозите на студентското движење: „Тоа е нов комунизам, ако сакате, кој има сосем поинакви можности отколку комунизмот кој се разви во Советскиот сојуз.“

China Flash-Galerie 60 Jahre Volksrepublik 1949 Mao Tsetung proklamiert die Volksrepublik China
Мао Це ТунгФотографија: AP

Во многу студентски соби имаше Мао-библии, Ендру Ворхол од кинескиот револуционерен водач направи поп икона. Но, ретко некој знаеше што вистински се случува во Кина, земјата беше затворена за посетители од Запад.

Почеток на отворањето на Кина

Дури во седумдесеттите години тоа започна да се менува, во 1972 година Германија воспостави дипломатски односи со Народна Република Кина. Германскот канцелар Хелмут Шмит како прв германски шеф на влада го посети Пекинг во 1975 година. Подоцна преку телевизијата тој ги пренсе своите доживувања: „Многу размислував за разговорите во Пекинг со Мао Це Тунг и другите. Тоа е фасцинирачка земја со 800 милиони жители, можеби дури 900 милиони, никој не знае точно, која треба многу да надомести во индустрискиот и модерниот развој, иако таму егзистира 3 илјади годишна развиена култура, која кај нас настанала дури подоцна.“

Volkswagen Produktion in Schanghai
Фолксваген во КинаФотографија: dpa

Кина дури тогаш стана интересна како земја, а кратко потоа и како пазар. Во 80-те години, благодарение на политиката на отворање која ја водеше Денг Ксијаопинг, Кина забележа огромен развој. Германските претпријатија започнаа воспоставување контакти со Кина. Во 1985 година „Фолксваген“ беше првиот западен автомобилски концерн кој отвори свој погон во Шангај. Знаците на политичка либерализација во 80-те години разбудија надеж во реформи. Целиот свет гледаше кон Пекинг кога студентите демонстрираа на „Плоштадот на небесниот мир“. Но, еуфоријата кратко траеше. Пекинг ги задуши протестите со тенкови. Светот беше шокиран, многу земји, меѓу нив и Германија, ги замрзнаа односите со Кина.

Оние кои научно се интересираа за земјата, реагираа беспомошно, потенцира, синологот Тилман Спенглер, експерт за Кина: „За мнозинството две до три години владееше затишје. Оние кои се занимаваа со научна работа, порадо го избираа времето на Минг династијата, период пред 600 години, со цел да немаат конфликти со Кинезите со кои се среќаваа.“

Привлечна моќ на развојот

Шокот не траеше долго, економскиот развој на Кина создаде привлечна моќ. Во 1995 година германскиот канцелар Хелмут Кол ја посети Кина со голема стопанска делегација и оттаму се врати со договори вредни повеќе милијарди. Дома мораше да се правда пред критичарите: „Не верувам во враќање од економскиот реформски курс. Уверен сум дека стопанските реформи ќе имаат последици и во другите области на политиката, дека ќе доведат до поголема политичка слобода и поголеми човекови права.“

Ein Soldat hisst die Flagge der Republik China
Фотографија: DW / K.Bardenhagen

И неговиот наследник, Герхард Шредер, се држеше цврсто за оваа верзија. Дури за Ангела Меркел човековите права станаа повторно поважен дел во германската политика кон Кина, но без штета по економските интереси. Дваесет години по масакрот на Тјенанмен односите на Германија кон Кина балансираат од една страна меѓу морално огорчување поради продолженото прекршување на човековите права и фасцинацијата од економскиот подем од друга страна.

Автор: Матијас Белингер/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска