1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Околу 300 жртви од студот во Европа

5 февруари 2012

Екстремниот студ и натаму владее во Европа. Последица се околу 300 замрзнати луѓе. Особено драматична е ситуацијата во Украина и во Полска, двете најпогодени земји.

https://p.dw.com/p/13xTh
Најпогодена е Источна ЕвропаФотографија: dapd

Украинските власти од 27-ми јануари досега регистрирале 131 жртва. Меѓу нив 30 се луѓе што замрзнале дома. Во болниците се пренесени околу 2 илјади луѓе со смрзнатини, низ земјата се подигнати 3.170 центри за пружање помош, каде луѓето можат да се згреат и да добијат топло јадење.

Температурата преку ден е минус 21 степен, ноќе стигнува до минус 30 степени.

Winter Obdachlose
Први на удар на студот се бездомниците, за нив се организира топол оброкФотографија: picture-alliance/dpa

Во Полска бројот жртви на студот се зголеми на 53, претежно бездомници кои често биле во алкохолизирана состојба, па прифатилиштата за бездомници решија по исклучок да ги прифаќаат и пијаните.

Во босанскиот главен град Сараево наврна снег од еден метар, на околните планини до два метри. Во Сараево е прекинат градскиот сообраќај, проодни се само некои улици во центарот на градот. Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и неговиот српски колега Борис Тадиќ беа заробени во еден хотел на Јахорина.

Во Србија денеска (05.02) е објавено дека од студ починале девет лица,а едно се води за исчезнато. Во Романија бројот жртви од стидот се искачи на 34, во Бугарија на 16 лица. По двајца загинати има во Хрватска и во Грција, а по еден во Словачка, Црна Гора и во Македонија.

Kroatien Split im Schnee
Хрватска под снегФотографија: DW/Martinovic

Италија доживува снежен хаос невиден во последните три децении. Во Рим 400 војници и карабињери помагаа во расчистувањето на снегот во улиците.

Стотици патаници втор ден седеа во замрзнати возови и се закануваат со колективна тужба против железницата.

Рускиот енергетски концерн „Гаспром“ исклучи скорешно нормализирање на количествата гас кои ги лиферува кон Европа поради зголемената побарувачка во Русија. Концернот ги запре славините со гас за една третина помалку од вообичаените испораки во правец на ЕУ.

Автор: ЖА/ЕМФ/афп

Редактор: Е. М. Фиданоска