1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Окупирањето на Волстрит“ ќе продолжи без шатори

16 ноември 2011

Демонстрантите од движењето „Окупирај го Волстрит“ во иднина ќе можат да го продолжат протестот во Њујорк, но не смеат да кампуваат и преноќуваат како досега во паркот Зукоти.

https://p.dw.com/p/13BHA
Полицијата при расчистувањето на кампот во ЊујоркФотографија: dapd

На демонстрантите од движењето „Окупирај го Волстрит“ им беше дозволено да се вратат во паркот Зукоти во Њујорк, каде што тие повеќе од два месеци кампуваа протестирајќи против моќта на банките и алчноста на корпорациите лоцирани во блискиот Вол Стрит. Нивниот камп беше расчистен претходната ноќ и според одлуката на Врховниот суд на сојузната држава Њујорк демонстрантите во иднина нема да смеат да кампуваат во паркот Зукоти.

Полицијата ги пропушташе еден по еден преку поставените бариери, појаснувајќи секому дека според судската одлука имаат право да носат само по една мала чанта, но не и шатори и вреќи за спиење. Судијата Мајкл Столман ја отфрли нивната жалба против наредбата на градските власти за нивно прогонување, истакнувајќи дека градската управа може да воведе забрана за спиење во паркот без притоа да го прекрши првиот амандман на уставот на САД, кој ја гарантира слободата на изразување. Движењето „Окупирај го Волстрит“ стекна силно поддршка ширум САД и во најголем дел од западниот свет , а на слични демонстрации во други градови ширум светот излегоа илјадници луѓе.

Автор:СН/ ЖА/ ртр/ ап/ афп/ миа

Редактор: Александра Трајковска