1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оланд го подигна степенот на безбедност

АТ/ афп/ дапд/ дпа/ ртр13 јануари 2013

Откако Франција воено почна да се ангажира во Мали, францускиот претседател Франсоа Оланд ги заостри анти-терористичките мерки во својата земја. Истовремено тој најави дека интервенцијата во Западна Африка ќе продолжи.

https://p.dw.com/p/17J6t
Фотографија: Reuters

За да се спречат евентуални одмазнички напади на муслимански терористи, засилено ќе бидат контролирани јавните објекти и превозните средства во Франција. Во обраќање преку телевизијата претседателот Франсоа Оланд нагласи дека ќе продолжи интервенцијата во Мали. Како засилување, во главниот град на Мали, Бамако, се испратени француски војници од Чад. Нивна задача е да го подготват патот за интервенција на африканските трупи, одобрени од Советот за безбедност на ОН.

На барање на раководството на Мали француските трупи во петокот се вклучија во конфликтот во оваа западноафриканска земја и учествуваат во борбата против исламистичките бунтовници. Воздухопловните единици ги принудија на повлекување бунтовниците, најверојатно предводени од борци на Ал Каеда, од стратегиски важниот град Кона, истакна Оланд.

По воздушните напади исламистите претрепеле „тешки загуби“. Од кругови на армијата на Мали се вели дека биле убиени повеќе од 100 луѓе, меѓу нив и владини војници и исламисти. Засега е нејасно дали на просторот имало поставено мини, поради што се напредува сосема внимателно.

Велика Британија има намера да и‘ пружи логистичка помош на Франција во борбата против исламистите. Според портпарол на владата во Лондон треба да бидат испратени два воени транспортни авиони.

Со ваквите воени мерки треба да се спречи Мали да стане засолниште за екстремистите. По пучот во март минатата година исламистичката група Ансар Дине ја презеде контролата на севернот дел на земјата и таму воведе шаријатско право. Во изминатите месеци борците се‘ повеќе се движеа кон југ.