1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олмерт – криза

3 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag80

По обвинувањата и барањата за оставка, израелскиот премиер, Ехуд Олмерт, доби поддршка од својата партија Кадима. Големо мнозинство на пратеничката груипа на Кадима се изјасни за останување на Олмерт на премиерската функција. Претходно министерката за надворешни работи, Ципи Ливни, изјави дека оставка на Олмерт е неопходна. Повод е извештајот на истражната комисија за војната во Либан во кој на луѓето што носеле одлуки им се префрла за многу направени грешки.