1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олмерт-подготвеност за разговори со Палестинците

18 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AxkE

И израелскиот премиер Ехуд Олмерт во разговорот со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун сигнализираше подготвеност за отстапки кон новата палестинска влада.Можни се олеснувања на патувањата за Западен Јордан и ослободување на околу 400 милиони долари од палестинските даночни приходи,изјави тој.Олмерт сака редовни средби со палестинскиот претседател Махмуд Абас околу можноста за формирање палестинска држава.Тој се надева дека новиот палестински кабинет без радикално исламскиот Хамас ќе биде сериозен партнер во напорите за мир на Блискиот исток.