1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН:мировници во Дарфур

1 август 2007

Советот за безбедност на ОН едногласно донесе одлука за испраќање мировни сили од 26 илјади војници во суданскиот кризен регион Дарфур. Судан ја даде согласноста за доаѓање на трупите по повеќемесечни двоумења.

https://p.dw.com/p/BOkP
Бегалци во СуданФотографија: AP

По речиси три години од првата резолуција за Дарфур,по 250 илјади убиени и два милиони протерани,Советот за безбедност на ОН едногласно ја донесе одлуката за испраќање на трупите,со тоа се согласи и Кина,историски пробив според генералниот секретар Бан Ки Мун:

„Преку авторизирањето на трупите за Дарфур,јасно и силно се сигнализира нивната обврска за подобрување на животната ситуација во регионот.Исто така и желбите за завршување на трагичното поглавие во историјата на Судан.“

Заштитничката на Судан,Кина попушти под силниот меѓународен притисок откако во резолуцијата беше ослабена клаузулата за контрола на оружјето и беше исфрлена заканата со санкции кон режимот во Картун.

Заканата од санкции останува

Но,при неговиот прв настап во Њујорк,премиерот на Велика Британија Гордон Браун не остави никаков сомнеж дека заканата кон јужносуданските властодршци останува и без да биде содржана во документот на ОН:

„Дарфур е трагедија,за која не сум подготвен да оставам да продолжи без нешто да се направи.Останува заканта од моја и од страна на другите,дека можат да следат санкции.Не прифаќаме во иднина да не се делува,на насилството сега мора да му дојде крај“,рече Браун.

И американскиот амбасадор во ОН Калилзад потенцираше дека од сите,а особено од суданската влада се очекува да ја почитува резолуцијата и склучениот договор.Луѓето треба да бидат заштитени од насилство и прогон и да им биде пружена помош:

„Изборот сега го има Судан.Може да избира меѓу соработка или спротиставување.Очите во светот сега се вперени во заштитата на цивилите во Судан,дали суданската влада ќе постапи правилно и ќе го избере патот кон

мир.“

Главниот товар ќе го носи Африканската Унија

Резолуцијата од сите членови на ОН бара да го дадат својот придонес кон новите мировни трупи во рок од 30 дена.

Притоа е јасно дека САД нема да учествуваат со копнени трупи,туку со транспорт и софинансирање,а и Германија речиси нема да учествува со војници.Мировниците во кризниот регион и натаму претежно ќе бидат од Африка,само во поголем број и повооружени од досега. Мандатот на Африканската унија завршува на 31 декември.