1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Оној кој има повеќе, мора повеќе и да даде“

ЖА/дв/дпа/афп1 мај 2013

Синдикатите во Германија по повод 1.мај побараа одвратување од курсот на штедење во Европа. Претседателот на Германскиот сојуз на синдикати Михаел Зомер притоа ја нападна и канцеларката Ангела Меркел.

https://p.dw.com/p/18QCd
Фотографија: picture-alliance/dpa

Европа не смее да биде уништена преку штеддење, изјави шефот на Греманскиот сојуз н асиндикати Михаел Зомер на главната манифестација на својата организација во Минхен.

„Постојат алтернативи на диктатот на штедење а ла Меркел“, истакна Зомер. Тој истовремено повика на поголем удел во плаќањето од богатите. Уставот е јасен, богатството обврзува:

„Богатите и моќните тоа веќе не го сфаќаат сериозно, но оној кој има повеќе, мора повеќе и да даде“, смета Зомер.

Затајувањето данок како „спорт на богатите“

Во овој контекст Зомер побара повисоки даноци за богатите во Германија. Не е можно „нашата заедница да е финансирана исклучиво од плаќачите на данок од плата и консументите, додека богатите и убавите се поштедени“. За многумина даночното затајување не е кривично дело, туку „спорт за богатите“, се пожали Зомер.

1. Mai 2013 München Protest Demonstration Tag der Arbeit Michael Sommer
Фотографија: picture-alliance/dpa

За 1. мај германските синдикати повикаа на повеќе манифестации низ целата земја под мотото „Добра работа, сигурни пензии, социјална Европа“. Според синдикални извори, на собирите излегле вкупно над 420 илјади луѓе.

Во фокусот на демонстрациите беа барањата за законски утврдена минимална сатнина од 8,5 евра, еднаква плата за „позајмените работници“ од фирмите за посредување со вработените во претпријатијата, како и оданочување на имотот.

Социјалдемократите и Зелените на линија со синдикатите

На околу пет месеци пред изборите за Бундестагот, кои се планирани за 22. септември, Социјалдемократската партија и Партијата на зелените го искористија Денот на трудот за да ја подвлечат блискоставо ставовите со синдикатите. Претседателството на СПД упати повик за промена на политиката „која е можна само со поддршка на силните синдикати“. Кандидатот на Зелените, Катрин Геринг Екард пледираше исто така за минимална законска граница од 8,5 евра за работен час. Според неа, принципот „иста плата за иста работа треб ада важи за сите, и за работниците од посредувачките фирми и за жените.