1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН бараат од Либија контрола над оружјето

1 ноември 2011

ОН бараат Либија да спроведе поголема контрола врз големото количество оружје во земјата. ОН стравуваат дека оружјето би можело да стигне во рацете на екстремисти.

https://p.dw.com/p/132gI
Кај Либијците остана еден куп оружјеФотографија: picture alliance / dpa

Земјите членки на Советот за безбедност на ОН за тоа едногласно усвоија резолуција. Во неа се бара од владата во Триполи да го собере и уништи оружјето и да спречи трговија со оружје. ОН стравуваат дека оружјето би можело да стигне во рацете на екстремисти.

Либискиот Преоден национален совет вчера го избра Абул Рахим ал Киб за преоден премиер. Наредните денови тој треба да ги именува членовите на неговиот кабинет, кој во рок од осум месеци треба да го подготви патот за избори. На нив ќе биде избрано Уставно собрание, кое за една година ќе треба да го изготви новиот устав на Либија.

Досегашниот в.д. премиер Махмуд Џибрил го исполни ветувањето дека ќе се повлече од функцијата откако Либија и официјално биде прогласена за слободна земја по падот на Сирт, родниот град на Моамер Гадафи, во кој и самиот Гадафи беше убиен.

Автор: АТ/ЖА/дв

Редактор: Симе Недевски