1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН бара поголема одговорност од претпријатијата

6 јули 2007

Човекови права, промена на климата и борба против корупцијата – за овие вредности треба засилено да се залагаат претпријатијата бараат ОН. На дводневниот конгрес на Глобал Контакт иницијативата се слушна и критика.

https://p.dw.com/p/BD4M
Конгрес на Глобал Контакт иницијативатаФотографија: picture-alliance/dpa

Претпријатијата во целиот свет според мислење на Обединетите нации мораат да ги почитуваат човековите права и од тоа може да профитираат. На почетокот на економскиот конгресот - Глобал контакт иницијатива генералниот секретар на Светската органзација Бан Ки Мун побара поголем одговорност од страна на претпријатијата и за големите проблеми во светот како промената на климата или борбата против корупцијата.

Стотици фирми кои се активни на глобално ниво како Бајер Фарма, Икеа или Кока Кола во рамките на иницијативата на ОН сега имаат намера засилено да се ангажираат околу заштитата на климата. Фирмите ветија дека ќе ја намалат емисјата на штетниот јаглерод диоксид и енергетската потрошувачка, истакна генрланиот секретар на ОН Бан Ки Мун во Женева.

Така на пример шефот на Кока Кола Невил Исдел рече дека неговиот концерн има намера да ја унапредува заштитата на климата во сите области каде е активен

„На самитот во Пекинг потврдив дека ќе се обидеме да не ги загадуваме водите. Се што користиме во производниот процес ќе се обидеме да го рециклираме и да го вратиме назад во природата. “

Повеќе од 3000 фирми кои се дел од Глобал Контакт иницијативата ветија исполнување на десет принципи во областите на човекови права, работни стандарди, слобода на синдикатите, заштита на климата и борба против корупцијата. Според една анкета на Глобал Контакт не сите фирми се придржуваат до овие принципи. Но Амнести интернешнл смета дека Глобал Контакт иницијативата би можела да помогне во борбата против плаќање на поткуп и корупција на фирмите.

На дводневната конференција во Женева учествуваат 1000 менџери, претприемачи, владини претставници, синдикалци и делагати на невладини организации. Денеска треба да биде потпишано обврзување за заштита на климата. Глобал Компакт иницјативата постои од 1999 година.