1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН го продолжи мандатот на ЕУФОР

22 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CQI4

Советот за безбедност на ОН го продолжи за уште една година мандатот на европските сили ЕУФОР во Босна и Херцеговина. Во резолуцијата одобрена од сите 15 членки се нагласува поддршката на Дејтонскиот мировен договор со кој пред 12 години се стави крај на воениот конфликт во Босна. Во текстот се наведува и дека босанската влада во овој поглед има остварено мали напредоци. Мисијата на ЕУФОР во 2004 година ги замени силите на НАТО.